0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошаркаРезултати

МЗТ Скопје со убедлив триумф над Ловќен се проби на втората позиција во АБА 2

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром попладнево во Сараево го совладаа тимот на Ловќен со 96:55. Ова беше деветти настап за „штрковите“ во втората по квалитет Регионална кошаркарска лига. МЗТ со биланс шест победи и три порази се искачија на второто место.

Сараево, 5 март 2021 (МИА) – Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром попладнево во Сараево го совладаа тимот на Ловќен со 96:55. Ова беше деветти настап за „штрковите“ во втората по квалитет Регионална кошаркарска лига. МЗТ Скопје со биланс шест победи и три порази се искачи на второто место на табелата.

Најефикасни во тимот на „аеродромци“ беа Дамјан Стојановски со 15 поени, Бојан Крстевски и Хасани Гравет со по 13, Иван Карачиќ со 12 и Андреа Бојиќ со 11 поени.

Вториот македонски претставник во АБА 2, тимот на Работнички, попладнево во „балонот“ во Сараево, од 16 часот се среќава со Сутјеска. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close