0_Спорт.ПорталКошарка

МЗТ Скопје – Работнички во финалето на кошаркарскиот куп

Вечните ривали МЗТ Скопје Аеродром и Работнички ќе играат во финалето на кошаркарскиот куп „Благоја Георгиевски – Буштур 2021“.

Скопје, 15 мај 2021 (МИА) – Вечните ривали МЗТ Скопје Аеродром и Работнички ќе играат во финалето на кошаркарскиот куп „Благоја Георгиевски – Буштур 2021“.

Ова е епилогот по денешните полуфинални средби во кои МЗТ го победи Навико ФМП Академија со 92:72, додека Работнички во многу понеизвесен натпревар славеше над Еуро Никел со 85:79.

За тимот од Аеродром утрешното финале ќе биде 14 во купот во обид да дојде до десеттиот трофеј.

Работнички по 16-ти пат ќе се бори за куп-трофејот во обид по 11.пат да го освојат трофејот.

Финалето е закажано за утре со почеток во 17:30 часот во СРЦ „Кале“ во Скопје. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close