0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошаркаРезултати

МЗТ Скопје поуспешен од Работнички во македонската пресметка од АБА 2

Во последниот натпревар од 8. коло на регионалната кошаркарска АБА 2 лига, тимот на МЗТ Скопје Аеродром го победи работнички со 84:82.

Сараево, 3 март 2021 (МИА) – Во последниот натпревар од 8. коло на регионалната кошаркарска АБА 2 лига, тимот на МЗТ Скопје Аеродром го победи работнички со 84:82.

Бојан Крстевски со 19 поени е најефикасниот играч во победничката екипа, Демиер Питс со 20 поени е најпродуктивниот во тимот на Работнички.

По денешниот триумф, аеродромци имаат биланс од пет победи и три порази и се наоѓаат во групата на екипи од 2 – 7. место.

Работнички со две победи и шест порази се наоѓа на 13. позиција.

Во „балонот“ во Сараево, македонските екипи следните средби ќе ги играат в петок. Ривал на МЗТ ќе биде Ловќен, додека Работнички ќе се соочи со Сутјеска. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close