0_Спорт.ПорталКошарка

МЗТ Скопје на чекор до осмата титула

Една победа ги дели кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром од освојување на осмиот шампионски трофеј, откако попладнево во Гевгелија го совладаа Еуро Никел со 95:91.

Гевгелија, 4 јуни 2021 (МИА) – Една победа ги дели кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром од освојување на осмиот шампионски трофеј, откако попладнево во Гевгелија го совладаа Еуро Никел со 95:91.

По овој триумф аеродромци поведоа со 2-0 во финалната серија од плејофот која се игра до три победи.

Најзаслужни за „брејкот“ се репрезентативците Бојан Крстевски кој постигна 22 поена и Андреј Магдевски со 20.

Во поразениот тим се истакна Роберт Рикиќ со 33 поени.

Следниот натпревар ќе се игра в недела во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close