Sport.SlajderКошаркаСпорт

МЗТ Скопје го раскина договорот со Американецот Барнет

Доминез Барнет веќе не е член на МЗТ Скопје Аеродром, откако актуелниот македонски првак соопшти денеска оти договорот со американскиот кошаркар е раскинат.

Скопје, 6 февруари 2021 (МИА) – Доминез Барнет веќе не е член на МЗТ Скопје Аеродром, откако актуелниот македонски првак соопшти денеска оти е раскинат  договорот со американскиот кошаркар.

Во клупското соопштение се наведува дека придонесот на Бартез на тренинзите и официјалните натпревари бил под очекувањата на стручниот штаб.

– Играчот беше ангажиран со цел да донесе екстра-квалитет на тимот предводен од тренерот Ѓорѓи Кочов, со оглед на неговата биографија и одлични игри во силната ВТБ-лига, но тоа не се случи. Барнет во Скопје допатува максимално неподготвен, поради што не даде придонес каков што се очекуваше, ниту на тренинзите, а уште помалку на средбите на кои настапи, се истакнува во соопштението на македонскиот кошаркарски првак. ег/ки

Таг
Back to top button
Close
Close