0_Спорт.ПорталКошаркаСпорт

МЗТ Скопје Аеродром против Еуро Никел во финалето на кошаркарскиот плејоф

Актуелниот македонски кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром вечерва на домашен терен триумфираше во вториот натпревар од полуфиналната серија до две победи против Пелистер со 89:78 и избори пласман во големото финале за одбрана на трофејот.

Скопје, 28 мај 2021 (МИА) – Актуелниот македонски кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром вечерва на домашен терен триумфираше во вториот натпревар од полуфиналната серија до две победи против Пелистер со 89:78 и избори пласман во големото финале за одбрана на трофејот.

Феми Олуџоби со 20 поени беше најефикасен во редовите на МЗТ Скопје, потпомогнат од репрезентативниот тандем Дамјан Стојановски (13 поени) и Бојан Крстевски, кој мечот го заврши со десет поени и исто толку асистенции.

Претходно денеска, пласман во финалниот плејоф обезбеди и екипата на Еуро Никел со вториот триумф над Работнички од 88:87 по продолжение.

Кавадаречкиот прволигаш ќе се бори за кошаркарскиот трофеј за прв пат по пауза од девет години.

Финалната серија се игра до три победи, а започнува в среда. ег/рп/

Back to top button
Close
Close