0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталОпштество

МЖСПП: Се чекаат резултатите од земените мостри од река Брегалница по истекувањето на хемикалијата

Извршен е инспекциски надзор од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) во врска со загадувањето на реката Брегалница во Штип. За понатамошно делување и преземање на поригорозни мерки согласно Законот за животна средина треба да ги добиеме резултатите од земените мостри од крим техника при СВР- Штип, соопшти денеска Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

Скопје, 26 јуни 2020 (МИА) – Извршен е инспекциски надзор од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) во врска со загадувањето на реката Брегалница во Штип. За понатамошно делување и преземање на поригорозни мерки согласно Законот за животна средина треба да ги добиеме резултатите од земените мостри од крим техника при СВР- Штип, соопшти денеска Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

Од крим техника СВР- Штип земени се три мостри за испитување од водата и се чекат резултатите за натамошно постапување. Согласно наодите од страна на ДИЖС е изречена соодветна санкциска мерка.

Од ресорното министерство потсетуваат дека на 23-ти месецов во вечерните часови е пријавено истекување на хемикалија-ЛИТЕКС С 9070 во ТИРЗ – индустриска зона – Штип. Од страна на ДИЖС, како што се наведува, утврдено е дека истекувањето се случило при истовар на хемикалијата од цистерната, односно при пукање на цревото при што се излива во каналот за атмосферска вода кој оди дирекно во реката Брегалница.

-На 24 јуни 2020 година во 9 часот направен е увид во документацијата и констатирано е дека фирмата ТЕХНИКАЛ ТЕКСТАЈЛС ДООЕЛ поседува решение за одобрен елаборат за животна средина од општина Штип од 2015 година, во кој е утврдено дека фирмата ТЕХНИКАЛ ТЕКСТАЈЛС ДООЕЛ во технолошкиот процес нема испуштање на отпадни индустриски води, емисии во воздух и нема бучава, се вели во соопштението.

Според ресорното Министерството, констатирано е дека истата фирма поседува решение за вршење на дејност промет на големо со хемикалии во магацински простор одобрено од Министерството за здравство од 16.08.2017 година и поседува безбедносен лист за хемикалијата LITEXS S 9070 од производителот СИНТОМЕР Германија и оти не е токсична.мд/лв/

Back to top button
Close
Close