Оригинални текстови

МЗ: За година и пол четири пати зголемени платите во јавно здравство

Министерството за здравство информира дека води вистинска здравствена политика за грижа за здравствените работници и соработници со инвестирање во човечкиот капитал. За година ипол, четири пати се зголемени платите во јавното здравство.

Скопје, 9 јануари 2020

Министерството за здравство информира дека води вистинска здравствена политика за грижа за здравствените работници и соработници со инвестирање во човечкиот капитал. За година ипол, четири пати се зголемени платите во јавното здравство.

На вчерашната прес-конференција, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче најави дека пред именувањето на техничката влада, со синдикатите потпишани се измените и дополнувањата во Колективниот договор за здравствена дејност, со што од први февруари се зголемува коефициентот на сложеност, а со тоа и додатокот на плата за дежурства.

Со февруарската плата, наставниот кадар добива 20% зголемување, 25% лекарите специјалисти, 15% општите лекари, 10% медицинските сестри, 5% здравствените соработници и 5% помошно техничкиот персонал. Дежурствата се зголемени од 4 до 5 пати.

Платата на лекарите специјалисти со дежурства ќе изнесува 100 илјади денари.

Кумулативно, со сите зголемувања досега, но и најавеното зголемување од месец февруари, основната плата на лекарот специјалист е зголемена за 40%, на медицинските сестри до 23%, на општите лекари 25% и 15% на останатите здравствени соработници.

Покрај зголемувањето на платите, досега дадени се 5000 согласности за вработување, со што за најмалку 10% е зголемен капацитетот со човечки капитал во секоја јавно-здравствена установа.

За потсетување, Министерството за здравство за првпат ги плати приватните специјализанти за својот труд во висина од просечна плата на општ лекар.

Продолжуваме да инвестираме во луѓето, во здравствените работници и соработници. Продолжуваме со вистинска здравствена политика.

Mинистерство за здравство

________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Back to top button
Close
Close