Оригинални текстови

МЗ: Секоја набавка на медицинска опрема или материјал потребен за ЈЗУ се одвива преку јавна и транспарентна тендерска постапка

Реакција на прилогот објавен на Алфа ТВ на 9ти февруари, 2020 година со наслов „Си прават ли владините функционери „нати го, дај ми го“ со бизнисмени?“ за изнесени неосновани и произволни претпоставки со кои што се наведува на невистини.

Скопје, 10 февруари 2020

Реакција на прилогот објавен на Алфа ТВ на 9ти февруари, 2020 година со наслов „Си прават ли владините функционери „нати го, дај ми го“ со бизнисмени?“ за изнесени неосновани и произволни претпоставки со кои што се наведува на невистини.

Не постои никаква поврзаност помеѓу министерот Венко Филипче и наводниот објект за којшто се зборува во прилогот или со сопственикот на објектот. Секоја релација што е наведена во прилогот е неоснована, произволна и резултат на претпоставки. Целиот прилог се базира врз наводни врски и наоди кои се истакнати во самиот прилог и кои немаат врска со реалноста.

Прилогот е обид врз претпоставки името на министерот за здравствено да се поврзе со искреирана бизнис релација со што ќе се дискредитира името на министерот и процесите на Министерството за набавка на медицинска опрема..

Секоја набавка на медицинска опрема или материјал потребен за јавните здравствени установи низ целата држава се одвива преку јавна и транспарентна тендерска постапка, каде се запазени правните и законските регулативи. Така што, целосно е исклучена можноста за какво било влијание врз тендерската постапка од страна на министерот или кое било друго лице од Министерството за здравство. Од медиумот Алфа бараме да се извини за невистините изнесени во текстот.

Mинистерство за здравство

—————————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Back to top button
Close
Close