0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderОпштество

МЗ демантира дека Комисијата за заразни болести била против отворање на границите

Министерството за здравство преку соопштение целосно ги демантира и смета дека се невистинити објавените написи во врска со тоа дека Комисијата за заразни болести не препорачала отворање на границите.

Скопје, 24 јуни 2020 (МИА) – Министерството за здравство преку соопштение целосно ги демантира и смета дека се невистинити објавените написи во врска со тоа дека Комисијата за заразни болести не препорачала отворање на границите.

На состанокот на 22 јуни Комисијата за заразни болести донесе одлука за препорака за отворање на границите и таа одлука заедно со другите одлуки и препораки за отворање на економски субјекти се доставени до Владата на Република Северна Македонија, информираат од Министерството за здравство. рп/са/

Back to top button
Close
Close