0_Web_Насловна-слајдерMakedonija.SlajderОпштествоХроникаХроника.Портал

МВР ја истражува „Јавна соба“, Телеграм досега одбива соработка

Секторот за комјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот „Јавна соба“, велат од МВР за МИА.

Скопје, 27 јануари 2021 (МИА) – Секторот за комјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот „Јавна соба“, велат од МВР за МИА.

Го повикуваат секој граѓанин што е жртва на ваква злоупотреба да пријави во најблиската полициска станица, а МВР во координација со обвинителството презема соодветни мерки

– Ќе продолжиме и со интензивните напори да се оствари и директна комуникација со платформата Телеграм која до сега демонстрира цеосна затвореност за соработка со владите на државите од која било земја. Се разбира ги користиме сите други активности кои ни се на располагање за расчистување на овој случај, наведуваат од МВР.

„Јавна соба“ повторно се актуелизира деновиве откако беше обелоденето дека на социјалната мрежа Телеграм над 5.600 членови на групата споделуваат фотографии, профили од социјални мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки.

Првата ваква група на социјалните мрежи беше откриена пред една година, кога беа откриени околу 7.000 корисници кои си разменувале експлицитни фотографии од девојки, од кои некои и малолетни .

Полицијата тогаш соопшти дека групата „Јавна соба“ по преземените мерки е згасната.скс/са/

.

 

Back to top button
Close
Close