0_Македонија.ПорталОригинални текстови

МВР: Полицискиот службеник Љ.Т. е на боледување, кога ќе се врати ќе му биде врачено решение за суспензија

Најостро ги демантираме лагите и дезинформациите што на денешната прес конференција ги искажа политичката партија ВМРО-ДПМНЕ , а во врска со статусот на полицискиот службеник Љ.Т., кој токму од МВР, односно во истрагата на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со Обвинителството за организиран криминал и корупција е осомничен за сторено кривично дело.  

Скопје, 16 март 2019

Најостро ги демантираме лагите и дезинформациите што на денешната прес-конференција ги искажа политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, а во врска со статусот на полицискиот службеник Љ.Т., кој токму од МВР, односно во истрагата на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со Обвинителството за организиран криминал и корупција е осомничен за сторено кривично дело.  

По добиено писмено одобрение од надлежното Обвинителството, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, поведе постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и наложи истиот да биде суспендиран до завршување на дисциплинската постапка. Љ.Т не извршува работни задачи поради користење боледување, а во моментот вршител на должност- раководител на СВР Штип е помошник началникот кој работните задачи ги извршува согласно законот. Веднаш штом ќе биде затворено боледувањето, односно Љ.Т ќе се појави во просториите на СВР Штип, решението за времено отстранување од работа односно суспензија, како што налагаат законските прописи, ќе му биде врачено. Значи, ова е само уште една во низата невистини што ги шири оваа политичка партија. 

Министерство за внатрешни работи 

____________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Back to top button
Close
Close