0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

МВР: Изречени 169 казни за неносење заштитна маска

Полицијата изрекла 169 казни за неносење заштитна маска во изминатите 24 часа на територијата на целата држава.

Скопје, 14 јули 2020 (МИА) – Полицијата изрекла 169 казни за неносење заштитна маска во изминатите 24 часа на територијата на целата држава.

– Во текот на изминатото деноноќие 13/14.07.2020 година на територијата на Република Северна Македонија  по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 169 прекршоци, се вели во соопштението од МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со КОВИД-19. аа/лв/

Back to top button
Close
Close