Оригинални текстови

МВР: Измени во протоколот за влез во Грција за државјаните на Република Северна Македонија

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните, дека согласно известувањето од грчките гранични служби од Граничниот премин „Евзони“, има измени во протоколот за влез во Грција и од денеска (19.06.2021 година), од 06.00 часот на ГП Евзони, освен со ПЦР тест не постар од 72 часа, Сертификат за примена вакцина (со поминати 14 дена од втора доза) и доказ за прележан Ковид-19 (од 2 до 9 месеци), влез на наши државјани се дозволува и со негативен брз тест за Ковид-19 не постар од 48 часа.

Скопје, 19 јуни 2021 

Деца до 12-годишна возраст нема потреба да имаат негативен тест, а  постари од 12 години треба да поседуваат брз или PCR тест. Електронската најава  на сајтот www.travel.gov.gr за прибавување на ПЛФ документ е задолжителна.

Како и досега, на ГП Евзони Грција нема да се дозволува влез од 22.00 часот до 06.00 часот по македонско време.

Министерство за внатрешни работи

__________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close