0_Македонија.ПорталОпштествоХроникаХроника.Портал

МВР го документирала случајот со постот на Б.Т. и го информирало Обвинителството

Министерството за внатрешни работи го документирала случајот со објавата на фејсбук профилот на Б.Т. кој вчера објавил пост „Слушам дека Мизерахи пак јадела хумус од мртви Евреи“, кој содржи елементи на говор на омраза. за ова МВР го информирала и Обвинителството, а од компанијата Фејсбук побарала да достави кориснички податоци за профилот за да моѓе да се преземат соодветни мерки.

Скопје, 7 февруари 2020 (МИА) – Министерството за внатрешни работи го документирала случајот со објавата на фејсбук профилот на Б.Т. кој вчера објавил пост „Слушам дека Мизерахи пак јадела хумус од мртви Евреи“ и за ова го информирала и Обвинителството, а од компанијата Фејсбук побарала да достави кориснички податоци за профилот за да може да се преземат соодветни мерки.

-При следење на интернет содржини со цел утврдување и документирање содржини со говор на омраза, од страна на Секторот за компјутерски криминал утврден е профил со име Б.Т., кој на 06.02.2020 во 16.05 часот го објавил следниот текст: „ Слушам дека Мизерахи пак јадела хумус од мртви Евреи“. Случајот е документиран и доставено е известување до Основно Јавно Обвинителство Скопје со цел нивно запознавање со предметот и воедно издавање барање адресирано до компанијата Facebook Inc да достави кориснички податоци за профилот, се вели во соопштението од МВР.

Во него се додава дека по добивање на потребните податоци ќе бидат преземени соодветните мерки и активности со цел утврдување на сторителот на кривичното дело по член 394-г – „Ширење расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем“ и член 319 – „Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“, предвидени во Кривичниот закон. сст/скс/

Back to top button
Close
Close