ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

На 01.07.2020 во 11:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил донесен со влошена здравствена состојба Е.Б.(59) од Тетово, кој издржувал казна затвор во КПУ „Идризово“. Од лекар била констатирана смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Скопје, 2 јули 2020 (МИА) – На 01.07.2020 во 11:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил донесен со влошена здравствена состојба Е.Б.(59) од Тетово, кој издржувал казна затвор во КПУ „Идризово“. Од лекар била констатирана смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

На 01.07.2020 во 12:47 часот во Полициска станица Карпош било пријавено дека на ул.„Козле“ во Скопје подолго време се шири непријатна миризба од куќа каде живеел Т.Т.(66) од Скопје, кој околу една недела не бил забележан од соседите. Полициски службеници излегле на местото на настанот, каде бил пронајден починат Т.Т.. Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

На 01.07.2020 во 09:00 часот во СВР Скопје, Б.П.(76) од с.Црешево, скопско, пријавил дека од домот се оддалечил неговиот син С.П.(37) од с.Црешево. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 02.07.2020 во 00:10 часот, при преземање мерки против „незаконит риболов“, полициски службеници од СВР Охрид, на брегот на Охридското езеро кај Пештани, пронашле четири мрежи со уловени 74 парчиња риба белвица, кои се одземени и предадени на Хидробиолошки завод Охрид. СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на сторителите на кривичното дело „незаконит риболов“, по што против нив ќе бие поднесена соодветна пријава.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Е.Ќ.(31) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба“. На 25.06.2020 на ул.„Шар планина“ во Битола, пријавениот влегол во куќа и додека пребарувал, бил затекнат од оштетената Л.Ѓ.(70), по што ја турнал по скалите, а таа паднала и се здобила со тешки телесни повреди.

Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против С.С.(38) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. На 11.01.2020 пријавениот, со товарно возило „фолксваген“, во атарот на с.Свидовица превезувал 26 мигранти.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.А.(28) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. На 10.06.2020 во 17:40 часот пријавениот, вработен како полицаец во Полициската станица за Граничен премин „Табановце“, при вршење на пасошка контрола, ѝ дозволил на А.С. влез во Р.Северна Македонија, при што не ја завел во електронски систем како патник кој влегува во Р.Северна Македонија и не побарал задолжителен ПСР тест за Ковид -19, односно не постапил согласно изречени мерки на Владата.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против И.К.(49) од с.Октиси, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 20.06.2020 на ул„Пролетерски бригади“ во Струга, при контрола на возила од полициски службеник од Струга, било сопрено патничко возило за сторен сообраќаен прекршок и од пријавениот биле побарани лични документи за контрола, на што тој одбил да ги даде документите за увид, го стартувал возилото и, при заминување, со возилото го удрил полицискиот службеник во ногата, нанесувајќи му повреди.

СВР Велес поднесе кривична пријава против А.М.(34) од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекусори“. На 16.02.2019 на ул.„Ацо Аџи Илов“, во домот на пријавениот, бил извршен претрес од полициски службеници и биле пронајдени и одземени метамфетамин и марихуана.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Љ.(30) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „кражба на огревно дрво“, „фалсификување или уништување деловни книги“ и „вршење јавен превоз без поседување лиценца“, против Ј.Љ. (26) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување или уништување деловни книги“ и „вршење јавен превоз без поседување лиценца“, и против Е.Љ.(56) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги“. Имено, третопријавениот во својство на управител на правно лице од Скопје, откако претходно од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство бил задолжен со кочан со испратници, иако знaел дека испратниците требало да ги користи за превоз и продажба на исечена дрвна маса од склад во сопственост на наведеното правно лице до краен купувач и дека истите се пополнуваат, потпишуваат и заверуваат од страна на овластеното лице на кое му бил даден кочанот со испратници согласно Законот за шуми, тој испратниците непотполнети ги заверил со печат, една од нив ја дал на второпријавениот, кој иако не е вработен во правното лице, се потпишал на место „одговорно лице“. Испратницата потоа му ја дал на првопријавениот за да ја користи за свои потреби, односно да ја пополни и да врши нелегален превоз на огревно дрво бука. Првопријавениот на 19.05.2019, откако претходно прибавил огревно дрво бука, во количина од седум метри кубни со вршење бесправна сеча од туѓа шума, нежигосано го натоварил во товарно возило „мерцедес ЛП-811“, сопственост на второпријавениот и ја пополнил претходно заверената испратница. Тој во неа внел невистинити податоци дека превезува огревно дрво бука во количина од 10 метри кубни, наводно обележано со жиг, со цел невистинито да прикаже дека врши легален превоз на огревно дрво. Потоа се упатил кон домот на наводниот купувач – О.М. во с.Волково, вршејќи јавен превоз на стоки – дрвни сортименти без да поседува лиценца за вршење на јавен превоз на стоки во внатрешниот патен сообраќај, издадена од Министерството за транспорт и врски.

На 02.07.2020 во 02:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на ул.„Кеј Димитар Влахов“, настанал пожар, при што била опожарена сува трева и заден дел на паркирано патничко возило „ауди 4“, без регистарски ознаки, сопственост на Владата на Р.С.Македонија. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Скопје.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Х.Љ.(25) од Куманово и правно лице од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „даночно затајување“. Првопријавениот, како сопственик и управител на второпријавеното правно лице, во текот на 2016, 2017 и 2018 намерно пријавил помал износ по основ на данок на добивка и по основ на данок на додадена вредност и со неприкажување на точни податоци го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија за 2016 во вкупен износ од 212.813 денари, за 2017 во вкупен износ од 668.603 денари и за 2018 во вкупен износ од 446.783 денари или вкупно 1.328.199 денари, согласно Законот за даночна постапка, Законот за управата за јавни приходи и Законот за данок на додадена вредност.

СВР Куманово, СВР Битола и СВР Штип поднесоа 10 кривични пријави против: Ј.М.(35), С.М.(48), С.А.(32) тројцата од Куманово, Б.Џ.(24) од с.Липково, кумановско, И.М.(42) од Битола, М.А.(60) од Ресен, Г.Д.(31), В.Ѓ.(35), двајцата од Делчево, Н.И.(40), С.И.(49), двајцата од с.Ветрен, делчевско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените, од 02.06.2020 до 01.07.2020, биле затекнати надвор од своите домови и не се придржувале кон воведената мерка „забрана на движење на подрачјето на Р.Северна Македонија“, со цел спречување на ширење на заразната болест Ковид-19 и заштита на населението.фф/ев/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close