ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје, денеска со претходна наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во домот на С.Ц.(25), на ул.„Киро Фетак“, при што била пронајдена растителна материја. С.Ц. е лишена од слобода, а за случајот е известен Јавен обвинител.

Скопје, 27 јуни 2020 (МИА) – Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје, денеска со претходна наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во домот на С.Ц.(25), на ул.„Киро Фетак“, при што била пронајдена растителна материја. С.Ц. е лишена од слобода, а за случајот е известен Јавен обвинител.

На 26 јуни во 20.00 часот било пријавено дека во скопското село Огњанци, на место викано „Кај рампа“, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу М.А.(44), В.А.(19) и Н.А.(53), од една страна и М.Б.(52), И.Б.(43), И.Б.(50), Р.Б.(48), М.Б.(20), К.С.(20), Р.К.(22), Ф.К.(21) и П.А.(26), од друга страна, сите од Скопје. од МВР денеска информираа дека се сочинети записници за констатирани прекршоци по чл. 11 од ЗППЈРМ.

На 26 јуни во 16.30 часот било пријавено дека во Штип на ул.„Славчо Стојменски“, непознато лице со употреба на сила ѝ одзело златен накит на Д.С.(44) од Штип. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27 јуни од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје бил лишен од слобода Д.А.(36), бидејќи при извршен претрес во неговиот дом на ул.„Киро Фетак“, по претходна наредба од Основен кривичен суд Скопје, биле пронајдени растителна материја и прашкаста материја. За настанот е известен Јавен обвинител.

На 26 јуни во 11.45 часот во Полициската станица Кисела Вода, 54-годишна жителка на Скопје пријавила дека околу 08.30 часот во нејзиниот дом, по кратка вербална расправија, била физички нападната од нејзиниот сопруг Б.Т.(64), при што се здобила со тешки телесни повреди. Се работи на расчистување на случајот.

Во Полициската станица Неготино на 27.06.2020 во 01.05 часот од Итната медицинска помош Неготино било пријавено на ул.„Киро Крстев“, во неговиот дом, во бессознание и без траги на насилство бил пронајден М.А.(43), кој за време на транспортот до болница починал. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Неготино. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

На 26 јуни во 16.15 часот во Полициското одделение Сарај, И.А.(55) од с.Ласкарци, скопско, пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка С.А.(17). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Во Куманово, на бул.„Октомвриска револуција“, на 26.06.2020 околу 20.00 часот од страна на полициски службеници на возач на моторцикл му бил даден знак да застане, но тој не ја испочитувал наредбата, туку продолжил да се движи во правец кон полициските службеници и со моторциклот удрил еден од нив во пределот на ногата. Потоа, изгубил контрола и паднал, по што се дал во бегство. По преземени мерки моторциклистот бил пронајден и приведен во полициска станица. Неговиот идентитет бил утврден и станува збор за Н.С.(28) од Куманово. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 26 јуни  во 16.08 часот било пријавено дека с.Жидилово, кривопаланечко, Ч.С., по претходна расправија, бил нападнат со секира од неговиот брат Д.С.. Се работи на расчистување на случајот.

На 26 јуни во 23.00 часот во ОВР Кавадарци М.Ј. од Кавадарци пријавил дека околу 20.45 часот му била загрозена сигурноста од страна на З.Б. од Кавадарци, кој преку објавен статус на социјалната мрежа „Фејсбук“ му упатувал закани. Се работи на расчистување на случајот.

Во Полициската станица Бит Пазар на 26.06.2020 во 14.55 часот Н.Б (51) од Скопје пријавил дека на ул.„Бајрам Шабани“ неговиот петгодишен син бил каснат од куче скитник.

Вработен како обезбедување во ИВЗ Тетово, во објектот на „Арабати Баба Теќе“ во Тетово, Џ.С.(40) на 26.06.2020 во 15.10 часот од Тетово пријавил дека околу 14.10 часот во објектот влегле група лица, по што Б.К. и А.А. започнале вербална расправија со него, а М.А. го турнал, по што тие го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 26.06.2020 во 18.00 часот во Полициската станица, Р.Т.(52) од Скопје пријавила дека на ул.„Маџари“ била касната од куче скитник. оџ/цр

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close