ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

СВР Штип до ОЈО Штип поднесе кривична пријава против Ѓ.М.(27) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „разбојништво“. Пријавениот во два наврати, на 16.06. и 23.06.2020 со намера за себе да прибави противправна имотна корист со употреба на сила и подесен предмет ја отворил влезната врата од куќа на ул.„Личка“ во Штип сопственост на Р.Ј.(81) од Штип, влегол внатре и во двата наврати физички ја нападнал и и одзел златен накит и пари. Од страна на судија на претходна постапка на Ѓ.М. одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

Скопје, 25 јуни 2020 (МИА) – СВР Штип до ОЈО Штип поднесе кривична пријава против Ѓ.М.(27) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „разбојништво“. Пријавениот во два наврати, на 16.06. и 23.06.2020 со намера за себе да прибави противправна имотна корист со употреба на сила и подесен предмет ја отворил влезната врата од куќа на ул.„Личка“ во Штип сопственост на Р.Ј.(81) од Штип, влегол внатре и во двата наврати физички ја нападнал и и одзел златен накит и пари. Од страна на судија на претходна постапка на Ѓ.М. одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Т.(39) и В.А.(38), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “тешка кражба“. На 04.06.2020 околу 04:00 часот, на бул.„Борис Трајковски“, во плац за паркирање на товарни возила, пријавените извршиле тешка кражба при што одзеле товарно возило – кипер ,,Ивеко“.Со извршеното кривично дело пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 1.900.000 денари.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.А.(57) од село Копачиндол- тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “насилство“. На 26.05.2020 по претходно настанато недоразбирање околу сообраќај, пријавениот со своето возило почнал да го следи такси возилото кое го управувал Г.А.(47) од Тетово. Откако таксистот дошол и застанал пред такси компанија, помеѓу нив настанала вербална расправија, по што пријавениот извадил огнено оружје и го вперил кон Г.А.. Г.А. се обидел да му го одземе оружјето, а пријавениот со истото го удрил.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Ј.(23) од село Љубодраг- кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 16.05.2020, во Куманово на улицата „Братство единство“, од полициски службеници бил извршен преглед над пријавениот, при што биле пронајдени и одземени таблети амфетамин.

ОВР Виница поднесе кривична пријава против С.О.(44) од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 23.05.2020 во Виница, на банкомат, пријавениот со злоупотреба на дебитна платежна картичка, сопственост на Б.А. од Виница, во два наврати неовластено подигнал парични средства.

СВР Куманово поднесе две кривични пријави против М.Д.(36) и А.М.(40), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело “непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 05 и 06 јуни 2020, пријавените биле затекнати надвор од своите домови, со што постапиле спротивно на здравствените прописи и мерка за забрана на движење која е воведена со цел за спречување на ширење на заразната болест Ковид-19.

ОВР Македонски Брод поднесе кривична пријава Б.Д.(52) од Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за кривично дело “непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 20.06.2020 пријавениот бил затекнат надвор од својот дом, со што постапил спротивно на здравствените прописи и дадената изјава за самоизолација.

СВР Струмица поднесе девет кривични пријави против 20 лица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените биле затекнати надвор од своите домови, со што истите постапиле спротивно на здравствените прописи и мерка за забрана на движење која е воведена со цел за спречување на ширење на заразната болест Ковид-19.

СВР Штип поднесе три кривични пријави против пет лица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените биле затекнати надвор од своите домови, со што истите постапиле спротивно на здравствените прописи.

На 24.06.2020 во 22:00 часот во Полициска станица Карпош, И.З.(75) од Скопје пријавил дека во период од 14:00 до 16:00 часот во фирма на ул.„Момин Поток“ во Скопје од непознато лице му била извршена кражба на пиштол“парабелум“ кал.9мм и рамка со 7 куршуми за истиот. Се преземаат мерки за расчистување на случјот.

На 25.06.2020 во 02:07 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 02:00 часот во парк во близина на бензинската пумпа на бул.„Србија“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна расправија помеѓу К.И.(26) и Д.Љ.(22) двајцата од Скопје од една страна и непознато лице од друга страна, по што на местото на настанот пристигнале четири непознати лица со патничко моторно возило“ланчија“ кои со дрвени палки физички ги нападнале К.И.(26), Д.Љ.(22) и Д.А.(21) од Скопје кој се наоѓал во непосредна близина и по негово кажување не се познавал со останатите учесници ниту учествувал во претходната расправијата. Лицата со возило на итна медицинска помош биле пренесени во Комплекс клиники„Мајка Тереза“ каде од доктор им биле констатирани повреди. На местото на настанот излегле полициски службеници до СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.06.2020 во 11:10 часот во СВР Скопје, Б.С.(51) од Скопје пријавил дека околу 01:00 часот пред угостителски објект на бул.„Јане Сандански“ бил физички нападнат од непознато лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.06.2020 околу 00:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во поликлиника Ѓорче Петров на бул.„Партизански Одреди“, Р.И.(47) од с.Кондово,скопско го нарушил јавниот ред и мир со омаловажување и закани по животот на М.Б.(36) од Скопје и М.К., вработени како медицински лица во поликлиниката. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.06.2020 во 15:00 часот во СВР Скопје, Ф.М.(40) од Скопје, пријавила дека од семејниот дом на ул. „Палмиро Тољати“ се оддалечила С.М.(16) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. фф/сп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close