ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

На 22 јуни околу 11:00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека во фирма на ул.„Железничка“ во Неготино, при изведување на градежни работи С.М.(50) од с.Криволак се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош. Бил извршен увид на местото на настанот.

Скопје, 23 јуни 2020 (МИА) – На 22 јуни околу 11:00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека во фирма на ул.„Железничка“ во Неготино, при изведување на градежни работи С.М.(50) од с.Криволак се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош. Бил извршен увид на местото на настанот.

На 22.06.2020 во 07:15 часот во Полициска станица Прилеп, К.С.(58) од Прилеп пријавила дека во нејзиниот дом во Прилеп била физички нападната со нож од нејзиниот сопруг З.С.(57) кој имал здравствени проблеми при што и биле нанесени тешки телесни повреди, констатирани од доктор во Општата болница Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.06.2020 околу 09:00 часот во СВР Битола, Ц.И. од Битола пријавила дека во стан ул.„Пецо Божиновски“ во Битола сопственост на нејзината мајка Љ.П.(86), која имала здравствени проблеми, истата ја пронашла почината. Од доктор од итна медицинска помош била констатирана смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е дадено на обдукција.

На 21.06.2020 околу 20:00 часот во Полициска станица Карпош, било пријавено дека од Јавната установа за згрижување деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение на ул.„Козле“ во Скопје се оддалечиле нивните штитеници А.Е.(18) и Џ.М.Р.(13). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

На 22.06.2020 во 21:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Зендел Џемаил“ по претходна расправија дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ј.С.(32) од една страна и А.А.(24) и Ј.А.(21) од друга страна, сите од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок по чл.11 од ЗППЈРМ.

На 22.06.2020 во 10:00 часот во СВР Скопје, И.А.(62) од Скопје пријавил дека околу 09:00 часот на ул.11ти Октомври во Скопје бил физички нападнат од негов колега М.М.(59) од Скопје. Направен е записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.

На 22.06.2020 околу 10:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во месарница на ул.Максут Садик во Скопје при извршување на редовни работни задачи со машина за мелење на месо поради невнимание се повредила вработената С.М.(47) од Скопје, по што од доктор во Градската општа болница„Св.Наум Охридски“ и била констатирана тешка телесна повреда. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. За настанот е известен трудов инспектор.

На 22.06.2020 во 18:00 часот во СВР Скопје, Б.Ц.(64) од с.Долно Лисиче, скопско пријавила дека на ул.10 во с.Долно Лисиче била касната од куче скитник.

На 22.06.2020 во 10:30 часот во СВР Скопје, Б.М.(43) од Скопје пријавил дека на ул. „Коце Металец“ бил каснат од куче скитник.

СВР Велес поднесе кривична пријава против М.Д.(21) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 09.06.2020 пријавениот додека се движел со патничко возило „хјундаи пони“ заедно со малолетник од Куманово, во близина на с.Караслари ги забележале А.С.Н. и Ј.А. од Авганистан како се движеле по автопатот од Р.Грција кон Р.Србија. Им понудиле да ги транспортираат до границата со Р.Србија за 200 евра и оштетените влегле во возилото, по што се упатиле кон стариот пат за Велес. Во еден момент пријавениот го сопрел возилото и побарал уште 200 евра за да стави гориво. Оштетените не се согласиле поради претходниот договор, а пријавениот и малолетникот физички ги нападнале и им се заканиле дека ќе извадат оружје. Потоа тие им дале 200 евра, а во тој момент од страна на оштетените бил одземен мобилен телефон кој бил сопственост на братот на пријавениот.

Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против А.Љ.(26) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “криумчарење со мигранти“. На 21.06.2020 на магистралниот пат Штип – Велес кај место викано „делисенска пруга“ од полициски службеници од Полициската станица Свети Николе, било сопрено патничко возило „порше каен“, сопственост на Б.Д. од Скопје, а управувано од пријавениот. При прегледот во возилото пронајдени биле 12 мигранти од Бангладеш, од кои шест биле малолетници. На пријавениот изречена му е мерка притвор и предаден е во КПУ Затвор- Скопје.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ѓ.К.(30) од с.Петралинци, Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “недозволено преминување на државна граница“ и “непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 01.06.2020 на Граничен премин „Табановце“ недозволено ја преминал државната граница на лента за излез со патничко возило „мерцедес“ и во меѓуграничен простор зел четири лица, сите од Струмица при што ги внел во Р.С.Македонија, со што пријавениот избегнал пасошка контрола и не постапил според здравствените прописи за време на епидемија поради непоседување на ПЦР-тест во врска со Ковид-19.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.М.(46) од Оризари, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 20.06.2020 од полициски службеници при вршење на контрола, утврдено е дека пријавениот не бил во својот дом каде требало да ја изврши мерката за самоизолација во траење од 14 дена за што потпишал изјава на 12.06.2020 на Граничниот премин ,,Делчево“ по што бил лишен од слобода и спроведен во државен карантин.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против С.Д.(53) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 15.06.2020 во 14,30 часот од страна на полициски службеници при извршена контрола, пријавениот не бил пронајден во својот дом, со што постапил спротивно на донесено решение од државен санитарен и здравствен инспекторат со кое се става под здравствен надзор и домашна изолација во периодот од 14 дена, односно од 02.06.2020 до 15.06.2020 по што бил лишен од слобода и спроведен во државен карантин.

СВР Битола, СВР Охрид, СВР Тетово, СВР Штип и СВР Куманово поднесоа 13 кривични пријави против: И.Д.(27) од Прилеп, Д.К.(33) од Кочани, А.Т.(21), С.В.(17) двајцата од Скопје, Н.Т.(22), С.Ш.(18) од Тетово, Ј.Д.(58) од Штип, З.Ѓ.(30) од во с.Лаки, Виница, С.И.(32), Е.И.(28), А.М.(18), Ф.М.(44) и Е.А.(44), сите пет од с.Опае Липково, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела“непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење. оџ/дма/

 

 

 

 

Back to top button
Close
Close