ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

На 21.06.2020 околу 18,30 часот во Полициска станица Кичево било пријавено дека во неговата куќа на ул.„Мицко Станкоски“ во Кичево пронајден е починат Б.С.(65) од Кичево. Од доктор од итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица Кичево, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Скопје, 22 јуни 2020 (МИА)На 21.06.2020 околу 18,30 часот во Полициска станица Кичево било пријавено дека во неговата куќа на ул.„Мицко Станкоски“ во Кичево пронајден е починат Б.С.(65) од Кичево. Од доктор од итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица Кичево, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

На 22.06.2020 во 00.40 часот во СВР Скопје, А.Р.(40) од Скопје пријавил дека на 21.06.2020 околу 22.00 часот пред продавница на ул. 393 во Скопје, неговиот малолетен син бил физички нападнат од непознато лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 21.06.2020 во 21.27 часот во СВР Скопје, Т.С.(39) од Скопје пријавил дека околу 20.45 часот во парк „Пушкин“ на ул.Пушкинова неговиот малолетен син бил физички нападнат од непознато лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.06.2020 во 01,00 часот во СВР Скопје, И.И.(21) од Скопје пријавил дека на 21.06.2020 во 23,45 часот во училишен двор во населба Колонија во Скопје бил физички нападнат од К.З., А.Т., И.Б. и З.К. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 21.06.2020 во 22.30 часот во СВР Скопје, И.С.(33) од Скопје пријавил дека околу 22.00 часот на ул. Ѓорѓи Казепов неговиот малолетен син бил физички нападнат со камен од друго малолетно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 21.06.2020 во 21,00 часот во СВР Скопје, Н.Д.(32) од Скопје пријавил дека околу 20.30 часот во с.Студеничани, скопско неговиот малолетен син бил физички нападнат од А.З.(19) и 17 годишен малолетник, двајцата од с. Студеничани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 21.06.2020 во Полициската станица Ресен било пријавено дека на улица „Бигла” во Ресен, С. А. (40) од Ресен со нож им нанел повреди на М.И.(25) од Кичево и Т.К.(49) од Ресен. Според пријавеното, М.И., Т.К. и Н.Б.(30) отишле во куќата на С.А. за да ги смират нарушените односи од претходно, но тој извадил нож и ги повредил М.И и Т.К.. Тие биле пренесени во ЈЗУ Здравствен дом Ресен за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 21.06.2020 околу 15.00 часот во Полициската станица Демир Капија било пријавено дека кај место викано „Дошница – Вирови“, Демир Капија, Х.И.(19), П.М.(18) и С.Ѓ., по вербална расправија, биле физички нападнати од повеќе лица од Демир Капија, а со камења го оштетиле нивното возило. По целосно документирање на случајот ке биде поднесена соодветна пријава.

На 20.06.2020 околу 12.00 часот на ул.„Христо Татарчев“ во Велес, лица кои извршувале работни задачи односно обележувале паркинг простор, биле нападнати од две лица. При обид на полициски службеник да интервенира, бил омаловажуван и навредуван од Н.А.(55), полициски службеник кој бил таму, а не бил на работа и не почитувал наредба од колегата кој службено постапувал. Н.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 21.06.2020 во 17.00 чaсот, додека полициски службеници од Полициската станица Кавадарци вршеле служба на ул.„Тиквешко востание’ во Кавадарци, Р.К.(34) со неговото возило ги попречувал во преземањето на службените дејствија и физички нападнал еден од полициските службеници. Лицето било приведено во Полициската станица и по документирање на случајот против него ке биде поднесена соодветна пријава.

На 19.06.2020 во 17.10 часот од полициски службеници на Граничен премин „Ќафасан“ при вршење на гранични проверки врз моторно возило„ивеко фиат“ со албански национални ознаки во кое се превезувале Ш.О.(58), Р.Т.(31), Џ.Г.(36), Н.Г.(31), Р.Т.(27) и Х.Д.(21) сите од Р.Албанија, било констатирано дека истите немале остварено легален влез во Р.С.Македонија со што постои основано сомнение дека сториле прекршок по чл.9 од Законот за гранична контрола. Лицата се приведени и предадени на полициски службеници од Полициска станица Ќафасан за понатамошна постапка.

На 19.06.2020 во 16.30 часот на раскрсница за село Мали Влај на магистрален пат Струга – Граничен премин „Ќафасан“ од полициски службеници од Полициска станица Ќафасан биле приведени Ф.О.(25), Б.Љ.(34) и К.А. сите од Р.Албанија бидејќи по извршени проверки било констатирано дека истите илегално ја преминале граничната линија помеѓу Р.Албанија и Р.С.Македонија во близина на Граничен премин „Ќафасан“ со што постои основано сомнение дека сториле прекршок по чл.9 од Законот за гранична контрола. Лицата се спроведени до Полициска станица Ќафасан за понатамошна постапка.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.З.(30) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “убиство во обид“, А.Г.(27) и Д.П.(26) двајцата од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “насилство“. Пријавените на 31.05.2020 околу 23,30 часот на ул.“Октомвриска револуција“ во Куманово во близина на угостителски објект го забележале оштетениот М.Т.(28) од Куманово и започнале расправија, по што второ и трето пријавениот физички го нападнале, а првопријавениот со нож му нанел повреди.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Д.(40) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. Пријавениот на 29.02.2020 околу 02,00 часот во приземна просторија од куќа на ул.“120“ во Куманово, започнал расправија со неговиот татко И.Д.(64), по што зел кујнски нож и му се заканил, a во момент кога неговиот другар А.А. му го одзел ножот, истиот се здобил со телесна повреда на десната дланка.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.В.(68) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “тешка телесна повреда“. Пријавениот на 28.05.2020 околу 13,30 часот на ул.“424“ во Куманово, додека поминувала неговата сосетка Ѓ.Д.(70) од Куманово, ја турнал на асфалтот, при што таа се здобила со тешка телесна повреда.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Л.Л.(49) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,загрозување на сигурноста“. Пријавениот во подолг период преку лажен профил од социјална мрежа упатувал закани по животот на Л.А. (25) и нејзиниот вереник С.И..

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Т.Т.(30) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ на штета на Ц.А.(41) од с.Октиси-струшко. На 18.02.2020 оштетениот по претходен договор, за изработка на столчиња и достава во рок од 10 дена на сметка на пријавениот на неговата фирма, уплатил 30.000 денари, по што подолг временски период тој не се јавувал на телефонски повици, а оштетениот сфатил дека бил измамен.

СВР Охрид, СВР Битола, СВР Куманово, СВР Велес и СВР Штип поднесоа 19 кривични пријави против: Р.П.(35), Д.Д.(39) двајцата од Охрид, Е.Т.(27) од Дебар, Н.Г.(49) од Кичево, Р.А.(18) од Струга, А.Р.(30) од Струга, Н.А.(19) од Струга, Р.А.(32) од Струга, Т.Ѓ.(55) од Прилеп, Ѓ.К.(52) од Прилеп, С.Ј.(35) од Прилеп, С.Г.(46) од Прилеп, Д.А.(41) од Прилеп, М.И.(48) од Куманово, С.Ј.(46) од Куманово, Б.А.(23), Н.М.(47) и 15 годишник сите од Липково, Б.С.(35) од Куманово, Н.Б.(54) и Н.М.(48) двајцата од Велес и С.А (53) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење.

На 21.06.2020 во 22,40 часот во Полициска станица Штип, било пријавено дека полициски службеници добивале закани по телефон од лице од Батинци, скопско откако претходно додека извршувале редовни работни задачи од областа на сообраќајот во 20.40 часот сопреле и извршиле преглед врз патничко моторно возило„фолксваген голф7“ управувано од С.Н.(28) од с.Батинци,скопско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. мс/

Back to top button
Close
Close