ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

Во Полициска станица Струга вчера околу 15.00 часот в било пријавено дека на ул.„П. бригади“ во Струга полициски службеник при вршење работа од безбедноста сопрел патничко моторно возило “Форд“ со струшки регистарски ознаки управувано од К.И.(49) од с.Октиси, струшко, поради сторен сообраќаен прекршок.

Скопје, 21 јуни 2020 (МИА) – Во Полициска станица Струга вчера околу 15.00 часот в било пријавено дека на ул.„П. бригади“ во Струга полициски службеник при вршење работа од безбедноста сопрел патничко моторно возило “Форд“ со струшки регистарски ознаки управувано од К.И.(49) од с.Октиси, струшко, поради сторен сообраќаен прекршок. При обид за легитимирање на возачот, истиот одбил, го стартувал возилото и со возилото го удрил полицискиот службеник по што го напуштил местото на настанот. Полицискиот службеник е пренесен во Медицински центар Струга за укажување на лекарска помош. За настанот е известен јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила екипа од  Полициска станица Струга и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во СВР Скопје синоќа, во 23.00 часот, било пријавено дека на ул.“Боца Иванова“ во Скопје полициски службеници од СВР Скопје се обиделе да запрат патничко моторно возило “Шкода“, но возилото не застанало на даден знак и го напуштило местото на настанот. По ова на ул. “Македонско-Косовска Бригада 10“ истото возило удрило во бетонски столб и од возилото излегле две лица кои го напуштиле местото на настанот. Од полициски службеници на местото на настанот биле пронајдени, пиштол “берета“ 7.65мм, светла за сигнализација (флешери), одјавени скопски регистарски ознаки и туба за точење на бензин. Возилото е подигнато од местотот на настанот за понатамошна постапка. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 11,00 часот во Полициско одделение Сарај, А.Н.(35) од с.Радуша,скопско пријавил дека во дворот од куќа во негова сопственост на ул.„1“ во с.Радуша, при изведување на градежни работи пронашол експлозивна направа. Полициски службеници од Полициско одделение Сарај и пиротехничар излегле на местото на настанот и констатирале дека станува збор за минофрлачка граната Ф60 мм, произведена 1981 година. Истата безбедно е подигната од местото на настанот.

На 20.06.2020 во 15.20 часот во СВР Скопје, И.А.(51) од Скопје пријавила дека во парк на ул. “Христо Татарчев“ била касната од куче скитник.

На 20.06.2020 во 20,30 часот во СВР Скопје, А.К.(44) од Скопје пријавил дека  во парк на ул. “Христо Татарчев“ неговиот 14 годишен син бил каснат од куче скитник.

На 20.06.2020 во 10.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница “Св.Наум Охридски“ бил донесен А.С.(53) од Скопје, вработен во ЈП “Комунална Хигиена“ –Скопје, по чие кажување, се повредил на бул.“Видое Смилевски Бато“ при истоварање на контејнер. Од страна на доктор му била констатирана тешка телесна повреда. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. За настанот е известен инспектор од државен трудов инспекторат.

По полноќ, во 00,05  часот на ул. “Анѓа Ранковиќ“ во Куманово полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода С.И.(23) и Н.И.(53) двајцата од Куманово бидејќи при постапување по претходна пријава за гласна музика истите физички нападнале полициски службеници. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера во 18.15 часот во СВР Битола, Д.К.(72) од с.Цапари  пријавила дека во с.Цапари по претходна расправија и нарушени меѓусебни односи била физички нападната од Д.Д. од с.Цапари при што и нанела тешка телесна повреда. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во Полициска станица Штип,  вчера во 16,05 часот Т.С.(55) од Штип пријавил дека неговата снаа И.Ч.(20) од Штип се оддалечила од домот земајќи го со себе и нивното малолетно дете. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

На 21.06.2020 во 00.55 часот на ул. “Раде Кратовче“ во Кочани полициски службеници од Полициска станица Кочани го лишиле од слобода Ј.Ј.(51) од Кочани  бидејќи при преземање на службени дејствија поради нарушен јавен ред и мир истиот со метална цевка им упатувал закани по животот. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 20.06.2020 во 15,14 часот во Полициска станица Гевгелија, П.П.(65) од Богданци пријавил дека настанал пожар на место викано “Турчино“, при што од полициски службеници било излезено на местото на настанот и констатирано е дека бил опожарен објект-магацин за складирање на земјоделски алат и помагала. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Гевгелија. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гевгелија.

Утрово околу 06,45 часот во СВР Велес, С.Т. од с.Војница пријавил дека во трло во негова сопственост на место викано,,Клетовник’’ во атар на с.Војница го пронашол без знаци на живот Љ.П.(64) од с. Забрчани, Општина Долнени, кој работел кај него како овчар. Од доктор од итна медицинска помош била констатирана смрт без траги од насилство. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција во Институтот за судска медицина-Скопје. ир/сп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close