ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

Вчера во 22.50 часот во угостителски објект во с.Брвеница, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Д.К.(62) и Н.С.(48) од с. Голема Речица , тетовско, бидејќи при спроведена акциска контрола, во содејство со Државниот пазарен инспекторат, а во врска со почитување на Протоколите за отворање и работа на кафитериите и угостителските објекти за исхрана донесени од Владата на Р.С.Македонија за мерки и спречување на внесување и ширење на коронавирусот, било констатирано дека истите не биле почитувани од Д.К. кој бил сопственик на угостителскиот објект.

Скопје, 20 јуни 2020 (МИА) – Вчера во 22.50 часот во угостителски објект во с.Брвеница, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Д.К.(62) и Н.С.(48) од с. Голема Речица , тетовско, бидејќи при спроведена акциска контрола, во содејство со Државниот пазарен инспекторат, а во врска со почитување на Протоколите за отворање и работа на кафитериите и угостителските објекти за исхрана донесени од Владата на Р.С.Македонија за мерки и спречување на внесување и ширење на коронавирусот, било констатирано дека истите не биле почитувани од Д.К. кој бил сопственик на угостителскиот објект. Со тоа  постоело основано сомнение дека сторил кривично дело- “непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ казниво по чл.206 од КЗ на РСМ, додека Н.С. одбивал да се легитимира, ги омаловажувал полициските службеници и при извршен претрес кај него бил пронајден нож. По целосно докумнетирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Вчера во 15.30 часот во с.Топлица полициски службеници од Полициско одделение Галате ги привеле Н.Е.(27) и О.Н(21) двајцата од Мароко поради илегален влез и престој на територијата на државата. Лицата се предадени на полициски службеници од Полициска станица Гостивар за понатамошна постапка.

Денеска  околу 01.10 часот во близина на бензинска пумпа на влез-излез од Прилеп патничко моторно возило “Хјундаи“ со прилепски регистарски ознаки управувано од А.Ј.(19) од Прилеп изгубило контрола и излетало од коловозот. По незгодата со возило на итна медицинска помош возачот и сопатничката В.Ч.(19) од Прилеп биле пренесени во Општата болница Прилеп каде што кај А.Ј. била констатирана смрт, а на В.Ч. (2001) од Прилеп и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп.

Денеска во 01.20 часот во СВР Скопје, Б.П.(19) од Скопје пријавил дека во 00.30 часот во Градскиот парк кај фонтаната на бул.“Илинден“ додека бил заедно со А.М., по претходно недоразбирање бил физички нападнат со стаклено шише од пет непознати лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 23.00 часот во СВР Скопје, А.С.(19) од Скопје пријавил дека околу 22.50 часот во паркот „Јане Сандански“ на бул.“Јане Сандански“ додека бил заедно со А.Ѓ.(19) од Скопје биле физички нападнати од М.Ж., П.П., Д.М. и Т.А. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 16.50 часот во Полициската станица Кичево, Б.К.(62) од Скопје пријавил дека околу 16.30 часот пред хотел на ул.“Рудничка“ во Кичево по претходна расправија и недоразбирање бил физички нападнат од М.Т. од с.Мамудовци, кичевско кој што воедно со нож му упатувал закани по неговиот живот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера околу 16.30 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека на ул. “Орце Николов“ во Свети Николе поради невнимание при користење на плинска боца настанал пожар во куќа сопственост на С.Ј.(86) од Свети Николе при што опожарени биле мебелот и кровната конструкција од куќата. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од  Свети Николе. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Свети Николе. ир/

 

Back to top button
Close
Close