0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

На 02.06.2020 околу 21.00 часот било пријавено во ОВР Кратово дека полициски службеници прават забава во с.Куклица, кратовско, при што не се почитувани мерките за заштита од Ковид-19.

Скопје, 3 јуни 2020 (МИА)На 02.06.2020 околу 21.00 часот било пријавено во ОВР Кратово дека полициски службеници прават забава во с.Куклица, кратовско, при што не се почитувани мерките за заштита од Ковид-19. Веднаш се преземени мерки и известен е Јавен обвинител, по чии насоки на местото излегле полициски службеници и на приватен имот во с.Куклица биле затекнати осум лица, од кои седум полициски службеници, кои не биле на должност. Тие биле лишени од слобода поради сомнение за сторено кривично дело по член 206 од кривичниот законик. Од страна на Одделот за внатрешна контрола при МВР и инспектори од соодветните организациони единици се работи на расчистување на случајот.

На 03.06.2020 околу 07.30 во тетовско Теарце, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Е.И.(35) од ова село, затоа што при претрес, извршен со судска наредба, во неговиот дом биле пронајдени метална дробилка и ризла. Е.И. бил приведен во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 02.06.2020 во 21.00 часот во СВР Тетово, С.Л.(35) од тетовско Желино пријавил дека непосредно пред тоа во селото сретнал две непознати лица, кои по вербална расправија со него, му се заканиле со пиштол, по што со возило се оддалечиле од местото. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

На 03.06.2020 година во 02.50 часот, полициски службеници од ОВР Радовиш ги лишиле од слобода Љ.Р.(29), Ѓ.К.(36) и Р.Т.(25), тројцата од с.Раклиш, радовишко, поради тоа што попречувале службени лица во вршење службена дејност, оневозможувајќи ги да извршат контрола во угостителски објект во Радовиш во врска со почитување на мерките за носење на лична заштита. Тие биле приведени во Полициската станица Радовиш и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 02.06.2020 во 17.22 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Костурски херои“ настанал пожар во кој бил опожарен дел од дуќан, сопственост на А.А.(57) од Скопје. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

На 02.06.2020 во 12.50 часот во СВР Скопје, И.Д.(43) од Скопје пријавил дека околу 11.15 часот на семафорите на крстосницата од ул.„11 Октомври“ и ул.„Филип Втори Македонски“, додека бил во неговото возило, возач на друго возило преку отворен прозорец му упатил навредливи зборови. Според пријавеното, откако се запалило зеленото светло пријавителот тргнал со возилото, по што другото возило го одминало и возело пред него, каде на крстосницата од ул.„Димитрие Чуповски“ со ул.„Васил Главинов“ повторно застанале на семафорите. Потоа, според пријавата, на крстосницата на бул.„Партизански одреди“ со бул.„ВМРО“, откако се вклучило зелено светло, возилото се обидело да го удри возилото на пријавителот и го напуштило местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.

На 03.06.2020 во 00.49 часот во СВР Скопје, А.Ј.(56) од Скопје пријавил дека на 02.06.2020 околу 23.30 часот на бул.„8 Септември“ неговиот 17 – годишен син, по претходна вербална расправија, бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

На 02.06.2020 околу 10.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека во работна канцеларија на СВР Тетово, полицискиот службеник Ш.С.(37), вршејќи проверка на службениот пиштол, испукал еден куршум кој завршил во подот пред влезната врата. Повредени лица нема. Во координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.06.2020 во СВР Битола било пријавено дека во периодот од 06.00 до 18.10 часот во црквата „Св.Теодор“ во с.Крклино, битолско, непознат сторител со употреба на сила влегол внатре и одзел свеќи и пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.06.2020 во 13.00 часот во Полициската станица Карпош, вработена во Јавна установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение пријавила дека нивната штитеничка А.Б.(12) самоволно се оддалечила од установата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 02.06.2020 во 16.40 часот во Полициската станица Чаир, И.Џ.(36) од Скопје пријавила дека на ул.„Петар Манџуков“ нејзината осумгодишна ќерка била касната од куче скитник.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против 17-годишник од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На 13.05.2020 на ул.,,Тодосија Паунов“ пријавениот со мотоцикл удрил полициска службеничка која извршувала службени дејствија, односно дала знак за запирање на мотоциклот.

На 02.06.2020, Г.М.(29) од кичевското село Зајас во полициска станица пријавил дека на ул.„4 Јули“ во Кичево бил нападнат од куче скитник во пределот на левата нога.

СВР Штип поднесе кривична пријава против М.Р.(43), С.Д.(33), М.М.(34), Е.М.(21) и С.М.(22), сите од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На 10.05.2020 на ул.„Косовска“ во Штип пријавените се заканувале и навредувале полициски службеници кои вршеле службени дејствија, односно обезбедување на патничко возило, кое претходно било запрено и било натоварено со огревни дрва.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе кривична пријава против Р.Ѓ.(28) од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 25.05.2020 пријавениот во семејниот дом, под дејство на алкохол, физички и психички ги малтретирал своите родители.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против М.Т. (26) и Ж.Б. (56), двајцата од с.Русиново, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Во периодот од јуни до август 2019, пријавените во повеќе наврати со трактор на првопријавениот, бесправно исекле 85 дабови стебла од место викано „Безгашчево“, во атар на с.Русиново, од шумска парцела во сопственост на Р.С.Македонија, и на Г.М., Г.М. и К.М., сите од с.Русиново. По извршеното сечење на дрвната маса, на местото оставиле девет стебла необработени, а останатите 76 стебла ги однеле во непознат правец и причиниле вкупна материјална штета од 358.400 денари.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Џ.Ј.(45) и Д.Т.(48), двајцата од с.Горно Татеши, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. На 11.05.2020 на патот Кичево – Охрид, на превој Пресека, полициски службеници ги затекнале пријавените како управувале две товарни возила „мерцедес“, во сопственост на правно лице од с.Велешта, натоварени со 28 метри кубни огревно дабово дрво, без документација, исечени од место викано „Беличка Река оддел 96“.

Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против К.Т.(36) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 27.11.2019 на Граничниот премин „Деве Баир“, пријавениот употребил фалсификувани бугарски лични карти издадени од МВР – Софија на негово име, со место на живеење во Софија.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Џ.(42) од с.Виштица, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, против правно лице со седиште во с.Виштица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ и против М.А.(32) од с.Долно Соње, Скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Првопријавениот, како управител на второпријавеното правно лице, откако извршил увоз и царинење на автобус од Австрија во Р.С. Македонија, на име на второпријавениот, изготвил фалсификувана „потврда за исполнување на техничките барања на возило за увоз во Р.С.Македонија“, со цел да обезбеди потврда за сообразност за единечно одобрено возило. Потврдата ја издал третопријавениот, вработен во фирма овластена за издавање на вакви потврди, иако знаел дека возилото не ги исполнувало условите. После тоа, потврдата за сообразност со невистинита содржина, првопријавениот ја употребил пред Отсек за управни работи во Куманово, во прилог на барање за регистрација и врз основа на тоа било извршено регистрирање на автобусот и биле издадени македонски регистарски ознаки и македонска сообраќајна дозвола.

СВР Струмица и СВР Тетово поднесоа 24 кривични пријави против Т.Р.(66), Д.Р.(19), двајцата од с.Баница, Д.П.(39), Е.Б.(18), А.С.(33), тројцата од Штип, М.Т.(39), А.А.(30), К.Т.(47), С.А.(29), сите од Радовиш, С.М.(26) од с.Василево, Т.С.(55), Љ.Т.(55), З.Н.(18), А.Х.(19), К.А.(46), Б.Ф.(27), С.М.(25), сите од Струмица, Н.Ј.(41) од Неготино, С.М.(23) од с.Баница, струмичко, В.Ф.(30), М.Ф.(27), Б.Ш.(19), К.М.(32), А.Ш.(45), сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење. вг/

Back to top button
Close
Close