ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

На 01.06.2020 околу 10.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Х.З.(38), Х.А.(39), Ј.А.(19), Р.А.(34) и Н.З.(19), сите од гостиварски Градец, поради сомнение за „пустошење на шуми“, пријавено на 30.05.2020 на подрачјето на Полициското одделение Галате.

Скопје, 2 јуни 2020 (МИА) – На 01.06.2020 околу 10.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Х.З.(38), Х.А.(39), Ј.А.(19), Р.А.(34) и Н.З.(19), сите од гостиварски Градец, поради сомнение за „пустошење на шуми“, пријавено на 30.05.2020 на подрачјето на Полициското одделение Галате.

Од МВР денеска соопштија дека тие биле задржани во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 01.06.2020 во 23.06 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 22.30 часот на паркинг позади трговски центар во населба Ново Лисиче, три лица кои биле со патничко возило, со истрел од пиштол застрелале куче скитник. Полициски службеници извршиле увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.06.2020 околу 19.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Партизанска“ во Штип, по вербална расправија, 17-годишник од Штип со нож му нанел повреди на Н.А.(19) од Штип. Н.А. бил пренесен во Клиничката болница Штип, каде му била укажана лекарска помош. Малолетникот бил приведен и задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 02.06.2020 во 02.30 часот во СВР Скопје, С.П.(45) од Скопје пријавил дека на 01.06.2020 околу 23.15 часот на крстосница од ул.„Иван Хаџиниколов“ и ул.„Киро Фетак“ неговиот 14- годишен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.06.2020 во 14.30 часот во СВР Скопје, В.Т.А.(47) од Скопје пријавила дека околу 13.40 часот во маркет на ул.„Александар Ударевски“, каде била вработена, по претходна расправија, била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.06.2020 во 16.10 часот во Полициската станица Неготино, С.С.(35) од с.Тремник, неготинско, пријавил дека околу 15.50 часот, пред продавница во с.Тремник, К.С.(33) физички го нападнал неговото десетгодишно дете. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.06.2020 во 14.00 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на ул.„Браќа Џунови“ во Кавадарци, од тераса на куќата во која живее, паднало седумгодишно дете и се здобило со повреди, по што било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.06.2020 во Полициската станица Кичево, Ф.М.(46) од кичевското село Стрелци пријавил дека на ул.„Тане Цалески“ во Кичево бил каснат од куче скитник.

На 01.06.2020 во 12.00 часот во Полициската станица Карпош, од Јавната установа за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение било пријавено дека се оддалечила нивната штитеничка М.Е.(17) од Скопје, која и претходно во неколку наврати се оддалечувала од установата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Г.Н. (40) од Скопје, моментално на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Во мај 2019 година, при претрес во просторијата каде бил сместен, затворските чувари пронашле и одзеле марихуана.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против T.Б.(51) од с.Слатино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“. На 20.02.2020, полициски службеници во координација со електромонтери од ЕВН Македонија, извршиле увид во куќата на пријавениот во с.Слатино, при што било констатирано дека тој незаконски се приклучил на електричната мрежа, така што бесправно пуштил кабел од дрвениот столб, сопственост на ЕВН, до неговата куќа и до куќата на неговиот брат, и на тој начин користел неограничена количина на електрична енергија, оштетувајќи ја ЕВН Македонија за сума од 12.447 денари.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Т.С.(38) од с.Враништа, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот, во својство на сопственик и инвеститор, на локација во с.Враништа, во текот на 2019 година, спротивно на основен проект и без соодветно одобрение, започнал со изградба на објект за стопанска дејност.

СВР Струмица, СВР Битола, СВР Охрид и СВР Штип поднесоа 45 кривични пријави против: С.М.(48), Ѓ.С.(37), Р.Ф.(20), М.С.(46), С.Ѓ.(31), И.С.(30), Д.С.(29), сите седум од Гевгелија, С.Ш.(51) од Нов Дојран, М.С.(28) од Скопје, Е.Ќ.(38) од Богданци, М.В.(65) од Кавадарци, Д.П.(52), Н.Б.(43) двајцата од Битола, А.Џ.(25) од с.Црнилиште – Долнени, Ј.Ф.(25), И.Ш.(53), С.Џ.(35), тројцата од Прилеп, М.Д.(45) од Струга, Љ.Ч.(40) од Струга – со потпишана изјава за самоизолација и при контрола не бил затекнат во неговиот дом, Ф.А.(57), Т.А.(42), О.Д.(22), А.С.(40), Д.Ш.(34), Х.Д.(25), Е.С.(25), Г.М.(31), С.Д.(33), Н.А.(24), Ј.Ѓ.(57), Р.М.(18), сите 12 од Штип, А.Р.(18) од Велес, П.Л.(68) од с.Бигла, делчевско, Б.Б.(29), Н.Е.(25), К.С.(32), С.Б.(34), сите четири од Струга, И.Б.(39), Б.Х.(19), двајцата од с.Лабуништа, струшко, М.З.(60), М.И.(65), двајцата од с.Велешта, струшко, А.Ш.(32) од с. Долно Татеши, струшко, К.И.(56) од с.Коџаџик, дебарско, Д.Д.(21), У.М.(20), двајцата од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење. цр/

Back to top button
Close
Close