ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

Во Ресен вчера во 13:30 полициски службеници од Полициска станица Ресен го лишиле од слобода У.Р(49) од Ресен бидејќи во 13,10 часот на ул.„Мите Трајчевски“ во Ресен пријавениот му упатувал закани по живот и со метална шипка физички нападнал полициски службеник кој за да го одбие нападот од службено оружје испукал еден куршум во воздух.

Скопје, 23 мај 2020 (МИА)Во Ресен вчера во 13:30 полициски службеници од Полициска станица Ресен го лишиле од слобода У.Р(49) од Ресен бидејќи во 13,10 часот на ул.„Мите Трајчевски“ во Ресен пријавениот му упатувал закани по живот и со метална шипка физички нападнал полициски службеник кој за да го одбие нападот од службено оружје испукал еден куршум во воздух. За настанот е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.05.2020 во 14,53 часот во СВР Скопје, Б.П. пријавил дека на ул.„Анастас Митрев“ од стан во кој живеел У.И(42) неколку дена се шири непријатна миризба. При полициската интервенција во станот било затекнато телото на У.И. во фаза на распаѓање. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје. По наредба на јавен обинител телото е предадено на обдукција.

На 22.05.2020 во 15,51 часот во Полициска станица Бит Пазар, И.Ч од Скопје пријавил дека во разрушена куќа на ул. Филип Втори“, сопственост на Х.М.(63) од Скопје пронашол мртво тело во фаза на распаѓање. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

На 22.05.2020 околу 18,15 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Леринска“ во Битола во сопствената куќа била пронајдена почината О.Р. (67) од Битола. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола. По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

На 22.05.2020 во 10.15 часот во Полициска станица Тетово, Б.С.(36) од с.Брвеница,тетовско, пријавил дека на 12.05.2020 во 12,00 часот од својот дом на ул. “Маршал Тито“ се оддалечил во непознат правец неговиот брат Ј.С.(34), исто така од село Брвеница. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 22.05.2020 околу 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг на ул. “Титовелешка“  по претходна расправија дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Џ.А.(29) и Ќ.Г.(50) двајцата од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.4 и чл.13 од ЗПП ЈРМ.

На 22.05.2020 во 18.03 часот во СВР Куманово, Б.М.(66) од Куманово пријавил дека на ул. “Тоде Думба“ по претходна расправија дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу пријавителот и И.Д.(45) од Куманово. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.11 од ЗПП ЈРМ.

На 22.05.2020 во 05.00 часот во Полициска станица Кочани, Б.Т. од Кочани пријавил дека на 19.05.2020 околу 12.30 часот од семејниот дом на ул “Димитар Влахов“ неговиот син Љ.Т. (43) се оддалечил во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Поради постоење основи на сомнение за сторени 17 каривични дела – “тешка кражба“, СВР Охрид до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(35) од Охрид: Исто така кривична пријава е поднесена и против К.А.(48) од Охрид, за сторено казнено дело “прикривање“, а во врска со кривичните дела “тешка кражба“. Имено, пријавениот С.Ѓ. тешките кражби ги сторил во периодот од октомври 2019 до февруари годинава во куќи, викендици, станови и  работилници во Охрид и во населбите Лагадин, Исток и Рача. Притоа, со употреба на физичка сила и подесен алат влегувал во просториите од каде одземал различни електрични алати за работа, ЛЦД телевизори и други апарати од бела техника, уметнички слики, постелнина и други предмети. Истите, потоа ги складирал во домот на К.А. од каде вршел препродажба на украдените предмети. оџ/аа/

 

Back to top button
Close
Close