ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

На 13.05.2020 околу 11.00 часот во СВР Охрид бил приведен З.К.(28) од охридското село Лескоец, бидејќи при преглед кај него полициски службеници пронашле и одзеле хашиш. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје, 14 мај 2020 (МИА)На 13.05.2020 околу 11.00 часот во СВР Охрид бил приведен З.К.(28) од охридското село Лескоец, бидејќи при преглед кај него полициски службеници пронашле и одзеле хашиш. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.05.2020 во Полициската станица Виница, од Итната медицинска помош Виница било пријавено дека околу 13.30 часот за укажување на лекарска помош се јавил К.К.(62) од Виница, кој се здобил со повреди при извршување работни задачи во фабрика во Виница. Увид на местото извршила увидна екипа од Одделението за внатрешни работи Виница и инспектор за заштита при работа.

На 13.05.2020 во 13.20 часот на ул.„Теодосија Паунов“ во Кочани, полициски службеник од Полициската станица Кочани дал знак за запирање на мотоцикл на кој се возеле две лица, но возачот не застанал, го удрил полицискиот службеник и го напуштил местото. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.

На 13.05.2020 околу 13.30 часот на ул.„Лука Геров“, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Р.(19), А.Р(44)., С.Р.(65) и Е.Р.(21), сите од Скопје, бидејќи се однесувале агресивно и ги спречувале полициските службеници при извршување на работи од безбедноста, по претходно случена сообраќајна незгода на истата улица. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 13.05.20202 во СВР Скопје било пријавено дека околу 09.45 часот на паркинг на бул.„Крсте Петков Мисирков“ во Скопје, Е.И.(24) од Скопје испукал во воздух неколку куршуми од огнено оружје. Според пријавеното, настанот се случил по претходна расправија на Е.И. со Р.„Н“., во врска со наплата за паркинг услуга. Увид извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.05.2020 во 11.00 часот во с.Жидилово, кривопаланечко, полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка, запреле патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од О.М.(29) од Крива Паланка, а како сопатници биле затекнати лицата Г.Ѓ. од с.Жидилово и Х.С. од Крива Паланка. При проверка полициските службеници констатирале неисправности на возилото, по што возачот не ги потпишал документите. Притоа, од возилото излегол сопатникот Г.Ѓ. кој почнал да ги омаловажува полициските службеници и се јавил на ќерка му Ј.Ѓ. да донесе бензин. Додека полициските службеници влегувале со службеното возило, дошла Ј.Ѓ., која донела шише со бензин, по што О.М. го испрскал внатрешниот дел од возилото и го запалил, а возилото целосно изгорело. Била повикана екипа на Територијалната противпожарна единица Крива Паланка, а лицата биле приведени со Полициската станица Крива Паланка и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.05.2020 во 18.10 часот во СВР Тетово, Д.Г.(50) од гостиварското село Долна Бањица пријавил дека во кругот од старата касарна во село Долна Бањица во Гостивар бил пронајден починат М.З.(53) од истото село. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на лице место на лице место извршиле увидна екипа од ОВР Гостивар и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција.

На 13.05.2020 во 14.00 часот во СВР Скопје, А.Ј.(22) од Скопје пријавил дека на 12.05.2020 околу 16.30 часот пред продажен објект на ул.„1632“, поради нерасчистени должничко-доверителски односи, бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.05.2020 околу 17.30 часот во СВР Скопје, Ф.С.(20) од с.Ракотинце, скопско, пријавил дека околу 14.30 часот на ул.„Жан Жорес“ во Скопје бил физички нападнат од М.Л. и К.Б. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.05.2020 во 12.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Центар за бездомни лица „Чичино Село“ во с.Сарај, скопско, по претходна расправија, 17 – годишник физички ја нападнал А.М.(54) од Скопје, вработена како одговорно лице во установата. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 13.05.2020 во 16.45 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, К.К.(70) од Скопје пријавил дека од неговиот дом се оддалечила Г.К.(46) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 13.05.2020 околу 11.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека од објект во изградба на ул.„Мара Угринова Гина“ во Кичево паднал градежниот работник Д.К.(35) од Кичево. Тој бил префрлен во Ургентен центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

На 13.05.2020 во Полициската станица Кичево, М.М. (38) од Кичево пријавила дека на ул.„Живко Туфегџиоски“ во Кичево била касната од куче скитник на десната потколеница.

На 13.05.2020 во 11.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Б.П.(76) од с.Црешево, скопско, пријавил дека од домот се оддалечил неговиот син С.П.(38). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против К.Н.(60) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 16.04.2020 во дворот од неговата куќа на ул.„Моша Пијаде“ во Прилеп, пријавениот со бензин запалил патничко возило „ ауди А4“, со бугарски регистарски ознаки.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.И.(30) од с.Долно Седларце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 11.01.2020 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени 13 куршуми со калибар ППУ 7.62 ТТ мм, мобилен телефон и 720.000 денари.

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против И.С.(43) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,измама“. На 15.09.2019 оштетениот Т.Б. од Прилеп ставил оглас на веб страна за рекламирање дека купува менувач за патничко возило ,,цитроен“. На огласот се јавил пријавениот и кажал дека бил сервисер и увозник на такви менувачи и дека ќе набавел и монтирал со гаранција од една година во износ од 15.000 денари и му предложил да направи и сервис на ребраст каиш со водена пумпа за цена од 11.000 денари, на што оштетениот се согласил. После тоа, во два наврати, Т.Б. уплатил вкупно 18.000 денари на жиро сметка на пријавениот и се договориле на 24.09.2019 да се сретнат на влезот од Прилеп, но пријавениот не се појавил, по што оштетениот заклучил дека бил измамен.

СВР Тетово, СВР Куманово и СВР Штип поднесоа 14 кривични пријави против: С.Б.(22), З.Г.(23), двајцата од с.Сенокос, гостиварско, Ј.С.(20), Н.Ш.(18), двајцата од Гостивар, С.Н.(23), С.М.(24), В.С.(29), Д.Д.(33), С.М.(47), сите пет од Куманово, И.П.(36) од Свети Николе, С.Б.(48) од Штип, К.Б.(21) од Кочани, Г.Б.(45) од с.Ратево, беровско, И.З.(20) од с.Панчарево, пехчевско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење.бт/

Таг

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close