ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

СВР Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Б.П.(54), поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и „фалсификување службена исправа“. Пријавениот, во својство на сопственик и управител на правно лице, во период на постоење Одлука за забрана и посебен режим на движење на територијата на РСМ, си издал дозвола за движење во период од 07.00 до 17.00 часот и од 17.00 до 07.00 и покрај тоа што немал регистрирано сменска и ноќна работа. Притоа, на 22.04.2020, при контрола од страна на полициски службеници, на увид ја приложил дозволата со невистинити податоци.

Скопје, 13 мај 2020 (МИА)СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Б.П.(54), поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и „фалсификување службена исправа“. Пријавениот, во својство на сопственик и управител на правно лице, во период на постоење Одлука за забрана и посебен режим на движење на територијата на РСМ, си издал дозвола за движење во период од 07.00 до 17.00 часот и од 17.00 до 07.00 и покрај тоа што немал регистрирано сменска и ноќна работа. Притоа, на 22.04.2020, при контрола од страна на полициски службеници, на увид ја приложил дозволата со невистинити податоци.

На 12.05.2020 во 19:40 часот во населба Хиподром-Скопје, полициски службеници пронашле еден испукан рачен ракетен фрлач М80,64 ММ. Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициската станица Гази Баба и предметот бил подигнат од местото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.Р.(27) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „убиство во вршење семејно насилство“, казниво по член 123 од Кривичниот законик. На 10.05.2020 околу 03.30 часот во својот дом на ул.„Перо Наков“ пријавениот физички ја нападнал М.К. и ѝ нанел повреди од кои настанал трауматски шок, по што починала. После тоа пријавениот пријавил во полиција дека на оштетената ѝ се слошило и дека паднала во бессознание. По извршената обдукција, Ф.Р. бил приведен во полициска станица.

На 11.05.2020 во 18:00 часот од страна на полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица, во с.Саса лишен е од слобода О.Н.(24) од Алжир, затоа што одзел патничко моторно возило „пежо“, со кумановски регистарски ознаки, кое во СВР Куманово истиот ден било пријавено за одземено. О.Н. е предаден во СВР Куманово за понатамошна постапка, а одземеното возило е вратено на сопственикот.

На 12.05.2020 во СВР Охрид, Г.П.(44) од Вевчани пријавил дека околу 16:30 часот во Вевчани бил физички нападнат од С.Ј.(48)од Вевчани. ОВР Струга презема мерки за расчистување на случајот.

На 11.05.2020 во 22:10 часот полициски службеници, по наредба од Основен суд Штип, го привеле В.Д.(30) од Штип, при што лицето е спроведено во Затвор Струмица.

На 11.05.2020 во 21:30 часот во Полициската станица Битола, Ф.С.(38) од Битола пријавил дека околу 17:20 часот во дворот од неговата куќа неговата малолетна ќерка била физички нападната од Е.С.(25) од Битола. По целосно документирање на случајот, против Е.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 12.05.2020 во 21:00 часот во СВР Скопје, С.Р.(42) од с.Сингелиќ, скопско, пријавил дека на 11.05.2020 околу 18:30 часот во с.Сингелиќ бил физички нападнат од Б.М. и Е.М. од с.Сингелиќ. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 12.05.2020 во 03:33 часот од страна на полициски службеници, по распишана потерница од затвор Струмица, на ул.„АСНОМ“ во Штип, приведен е М.Д(25) од Штип, по што е спроведен до затворот.

На 12.05.2020 во 14:00 часот во СВР Скопје, Ф.М.(76) од Скопје пријавил дека на 10.05.2020 околу 11.00 часот на ул.„Дижонска“, по претходна расправија, бил нападнат со камен од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 12.05.2020 во 22:47 часот во СВР Тетово, лекар од Ургентен центар Гостивар пријавил дека кај нив бил донесен починат М.М.(32) од Гостивар. Увид на местото извршиле полициски службеници и Јавен обвинител, по чија наредба ќе биде извршена обдукција.

На 12.05.2020 во 10:47 часот во Полициската станица Драчево, Т.С. од Скопје пријавила дека од семејниот дом се оддалечил нејзиниот татко Д.Ф.(83) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Н.Н.(73) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 05.03.2020 во ЈЗУ „Ферид Мурат“ – општа болница Гостивар, пријавениот упатувал закани кон вработените во болницата, после што бил лишен од слобода.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против О.Л.(49) и А.Л.(45), двајцата од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 14.04.2020 на ул..„Иљо Шопов“ во Струмица, пријавениот физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејства околу претходно пријавен нарушен јавен ред и мир. Набргу потоа, тој бил лишен од слобода.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Б.М. (20) од Делчево, поради тоа што во текот на октомври и ноември 2019 година во Делчево, пријавениот во два наврата извршил полови дејствија над малолетно девојче од Делчево. На 11.05.2020 во просториите на ОВР Делчево, во присуство на Јавен обвинител од ОЈО Делчево, било извршено препознавање на пријавениот.

На 12.05.2020 во 1:.00 часот во СВР Скопје, М.Т.(62) од с.Стајковци, скопско, пријавила дека од семејниот дом во с.Стајковци се оддалечил нејзиниот сопруг А.Т.(63). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Т.(55) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 27.03.2020, пријавениот ја одзел банкарската картичка од Р.Н.(66) од Охрид и преку пост терминали во повеќе трговски објекти во градот, подигнал 34.366 денари.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.Н.(39) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори “. На 25.07.2019 пред казино во Прилеп, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

На 12.05.2020 во 16:00 часот во Полициската станица Драчево, Р.Џ.(53) од с.Горно Количани, скопско, пријавил дека од семејниот дом во с.Горно Количани се оддалечил неговиот син Н.Џ.(25), кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

СВР Велес, СВР Битола, СВР Штип и СВР Куманово поднесоа 22 кривични пријави против И.М.(62) од Неготино, Ф.П.(36), К.Д.(36), З.Д.(41), тројцата од Кавадарци, К.Б.(41), З.Т.(39), К.Џ.(25), тројцата од Прилеп, А.А.(40), Н.С.(19), К.Б.(72), Д.Л.(68), сите четири од Штип, Е.В.(23), В.С. (24), А.Т.(22), тројцата од с.Градец, виничко, А.Џ.(31) од Берово, В.М.(49) од Свети Николе, И.Р.(45) од Делчево, С.Н.(22), С.М.(24), В.С.(28), Д.Д.(32), С.М.(47), сите пет од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење.фф/дма/

Back to top button
Close
Close