ХроникаХроника.Портал

МВР-билтен (ДПЛ)

Одделението за внатрешни работи Струга поднесе кривична пријава против И.Д.(25) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. Тој, на 17.02.2020 пред казино на ул.„Маршал Тито“ во Струга истурил запалива течност и со секира замавнал кон работник на обезбедувањето, кој се обидел да го спречи да ја запали течноста.

Скопје, 13 март 2020 (МИА) – Одделението за внатрешни работи Струга поднесе кривична пријава против И.Д.(25) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. Тој, на 17.02.2020 пред казино на ул.„Маршал Тито“ во Струга истурил запалива течност и со секира замавнал кон работник на обезбедувањето, кој се обидел да го спречи да ја запали течноста.

На 12.03.2020 во 20.40 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид од слобода го лишиле Б.С.(43) од Тетово за кого била распишана потерница од Казнено поправната установа – Затвор – Скопје. Тој бил пренесен во Скопје и предаден на затворските служби.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Р.(46) од охридското село Подмоље, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Тој, на 26.11.2019 на социјалната мрежа „Фејсбук” напишал недолични коментари, ширел расистички и ксенофобичен пишан материјал со што поттикнувал омраза, дискриминација или насилство, предизвикувајќи чувство на страв и несигурност.

На 12.03.2020 во 13.40 часот на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Т.Ѓ.(54) и З.Т.(42), двајцата од Скопје, поради тоа што под дејство на алкохол се однесувале агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 12.03.2020 во 11.00 часот во СВР Скопје, С.М.(66) од с.Петровец, Скопско, пријавил дека на 11.03.2020 околу 19.00 часот во семејната куќа на во с.Петровец забележал дупка на ролетна, а под нејзе пронашол куршум. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје, која го подигнала проектилот за понатамошна постапка.

На 12.03.2020 во 21.26 часот во СВР Скопје, Д.Д.(35) од Скопје пријавил дека околу 21.00 часот пред угостителски објект на ул.„Анастас Митрев“,бил физички нападнат од С.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 12.03.2020 во 23.30 часот во СВР Скопје, Н.З.(44) од с.Морани, Скопско, пријавила дека по семејни недоразбирања од дома се оддалечил нејзиниот син О.З.(16) од с.Морани. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 12.03.2020 година С.А.(57) од Кичево пријавила дека на бул.„Ослободување“ во Кичево била касната од куче скитник во пределот на левата потколеница.

На 13.03.2020 во 03.40 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, патничко возило „рено клио“, со велешки регистарски ознаки, не застанало на даден знак од полициски службеници и продолжило кон Железничката станица. Веднаш биле упатени дополнителни служби за да се запре возилото, но тоа успеало да ги одбегне патролите и се упатило по бул.„Гоце Делчев“ во правец кон крстосница со ул.„Беласица“. Во близина на МТВ, возилото удрило во патничко моторно возило „дачија дастер“, сопственост на МВР, по што возилото продолжило во правец кон населбата Керамидница и по кратко време возачот изгубил контрола и удрил во бетонски жардиниери и запрел. Притоа, со повреди се здобил совозачот, а возачот излегол и скокнал во реката Вардар во обид да им избега на полициските службеници. За кратко време бил изваден од реката, по што и двете лица биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош и било утврдено дека биле од Алжир. Возилото кое го управувале, го одзеле во текот на ноќта од с.Градец, Валандовско. Се работи на расчистување на случајот.

На 12.03.2020 околу 18.30 часот во СВР Скопје, С.Р.(42) од с.Марино, Скопско, пријавила дека на ул.„500“ во с.Марино била касната од куче скитник во пределот на десната рака.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.М.(40) и 16-годишен малолетник, двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 11.03.2020 во близина на крстосница на ул.„Воденска“ во Тетово, полициски службеници го сопреле патничкото возило „ауди“, во кое биле пријавените, по што тие физички ги нападнале полициските службеници. мд/

Back to top button
Close
Close