ОпштествоХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

На 02.08.2021 во 21.46 часот во СВР Штип, од Затвор Штип било пријавено дека во 21.30 часот, при претрес во полуотвореното одделение била пронајдена прашкаста материја. Полициски службеници од СВР Штип ја одзеле прашкастата материја за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје, 4 август 2021 (МИА)На 02.08.2021 во 21.46 часот во СВР Штип, од Затвор Штип било пријавено дека во 21.30 часот, при претрес во полуотвореното одделение била пронајдена прашкаста материја. Полициски службеници од СВР Штип ја одзеле прашкастата материја за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.

СВР Скопје-Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против И.П.(33), поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување и уништување на деловни книги“. Пријавениот, вработен во сервис за автомобили, во текот на 2020 година, преку компјутерски систем, континуирано и неовластено внесувал невистинити податоци на фактурите за поправка на возила при што го оштетил сервисот за сума од 912.570 денари.

На 03.08.2021 во 13.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на автопатот Гевгелија – Република Грција, на место викано „Милси“, настанал пожар при што била опожарена сува трева и борова шума, а била зафатена и караулата „Богородица“ на место викано „Вршник Бара“. Од екипи на Територијалната противпожарна единица Гевгелија пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Во периодот до 20.00 часот, кога е изгаснат пожарот, работата на Граничниот премин „Богородица“ била во прекин за сите видови сообраќај.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.С.(58), вработен во Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта – Скопје, поради постоење основи нa сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“. Во 2018 година, пријавениот се сретнал со две лица и им ветил дека може да им помогне да земат долгорочен закуп земјоделско земјиште во државна сопственост во регион Тетово со површина од 3.062 метри квадратни. Притоа, тој побарал и добил од нив 306.000 денари за да помогне околу целокупната документација, односно добивање дозвола од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Бидејќи до 2020 година не била завршена постапката, оштетените се откажале и му ги побарале назад парите, но до пријавување Г.С. не им ги вратил парите.

На 04.08.2021 околу 00.36 часот СВР Штип било пријавено дека во с.Дулица, општина Македонска Каменица, настанал пожар помеѓу маалото „Катанци“ и училиштето, при што била зафатена нискостеблеста шума и сува трева. Од екипи на Територијалната противпожарна единица Македонска Каменица и месното население пожарот бил изгаснат. При гасење на пожарот, со повреди се здобил Н.В..

На 03.07.2021 во 17.50 часот во Полициската станица Бит Пазар, Б.Л.(51) од Скопје пријавила дека од дома се оддалечил нејзиниот син Е.Л.(27) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

СВР Велес поднесе кривична пријава против С.К.(65) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 20.02.2021 бил извршен преглед на нејзината торба и била пронајдена ловечка пушка „Застава“ и дозвола за оружје, сопственост на нејзиниот починат сопруг, за која не повела оставинска постапка и согласно Законот за оружје истата требало да ја предаде во најблиската полициска станица.

На 03.08.2021 во 14.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, Б.Ц.(37) од Скопје пријавила дека од дома се оддалечил нејзиниот сопруг Ц.Ц.(71) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против А.Ѓ.(19) од с.Јосифово, валандовско, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „кражба“ и едно кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавениот, во периодот од 05.06. до 15.06..2021, противправно одзел патничко возило „киа“, сопственост на фирма од Гевгелија и патничко возило „ауди а6“, сопственост на лице од Гевгелија. По преземени мерки, возилата биле пронајдени и вратени на сопствениците. Пријавениот, исто така, на 15.06.2021 околу 02.00 часот постапил и спротивно на забраната за движење на возила и лица поради прогласена пандемија на ковид-19.

Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против Т.Н.(38) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Тој, на 20.03.2021 на граничниот премин „Деве Баир“ употребил фалсификуван ПЦР тест.

На 03.08.2021 околу 23.00 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на Полициска станица Аеродром, Д.У.(18) од Скопје бил повреден со остар предмет. Нему му била укажана лекарска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза”, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. По преземени мерки и активности било утврдено дека сторител на делото е 17-годишник од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава. оџ/

Back to top button
Close
Close