ОпштествоХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

Полициски службеници од Полициското одделение Теарце, во село Доброште, ноќеска на регионалниот пат Тетово-Јажинце го лишиле од слобода Г.Ч.(19) од Германија, затоа што кај него била пронајдена марихуана.

Скопје, 28 јули 2021 (МИА)Полициски службеници од Полициското одделение Теарце, во село Доброште, ноќеска на регионалниот пат Тетово-Јажинце го лишиле од слобода Г.Ч.(19) од Германија, затоа што кај него била пронајдена марихуана. Тој бил задржан во Полициското одделение Теарце и по расчистување и документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.

На 27.07.2021 во 14.20 часот во автокампот „Градиште“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода М.П.(24) од Прилеп, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.П.(30) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца“. При контрола извршена на 06.07.2021 на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници констатирале дека тој врши такси превоз на патници без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен орган.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.И.(46) од ресенското село Горно Крушје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „загрозување на сигурноста“. Тој, во периодот од декември 2020 до јули 2021 година, преку лажен Фејсбук профил, на повеќе лица од Охрид им испраќал пораки со недолична и заканувачка содржина.

На 28.07.2021 во 07.45 часот во СВР Штип било пријавено дека на автопатот Миладиновци – Штип, кај клучка Крупиште, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, со штипски регистарски ознаки, управувано од А.И.(20) од Штип и товарно возило „ивеко“, со скопски регистарски ознаки, управувано од З.П. од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.И., констатирани во Клиничката болница Штип.

На 28.07.2021 во 01.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Ќ.(23), М.Ќ.(30) и Г.Ќ.(25), сите од с.Бојане, скопско, поради сомнение дека на 27.07.2021 околу 22.40 часот, пред угостителски објект во с.Сарај, учествувале во нарушување на јавниот ред и мир, поради претходно меѓусебно нетрпение, во кое биле употребени огнено оружје и остар предмет. Притоа со повреди од огнено оружје се здобил В.Ќ., a со повреди од остар предмет Ф.М., по што биле пренесени во Градска општа болница „8 Септември“, односно во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Трите лица биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.07.2021 во 14.00 часот во СВР Скопје, Д.С.(59) од Скопје пријавил дека пред трговски центар во Аеродром, додека бил застанат со своето такси возило, бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

ЕВР Карпош поднесе кривична пријава против И.А.(36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. На 19.05.2021, додека пријавениот бил на работното место на ул.„Варшавска“ во Скопје, своеволно и без дозвола од работодавачот од благајната на видео лотариските терминали одзел од 90.000 денари. Подоцна, по пристигнување на менаџерот, заедно ги преброиле парите и бил констатиран кусок, по што му било побарано да ги врати парите, но тој не го сторил тоа.

На 27.07.2021 во 16.10 часот во СВР Скопје, Ж.А.(38) од Скопје пријавил дека пред угостителски објект во Радишани бил физички нападнат од А.“Н“. Се работи на расчистување на случајот.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.М.(37) од Штип поради постоење основи ан сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда”. На 31.05.2021 на ул.„Борис Крајгер“, поради недоразбирање во сообраќајот, пријавениот физички го нападнал С.Н. од Штип, нанесувајќи му тешки телесни повреди.

На 27.07.2021 околу 15.40 часот СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Дебар-Маврово, на местото викано  „Жировничко Анче“ бил пронајден човечки труп. По овластување на Јавен обвинител, увид извршила екипа од ОВР Гостивар и телото било дадено на обдукција.лв/

 

 

 

 

 

Back to top button
Close
Close