ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

Полициски службеници од Полициската станица Гостивар, во координација со Државниот пазарен инспекторат, денеска во периодот од 02:30 до 4 часот,  извршиле контрола во угостителски објект во село Неготино, гостиварско, сопственост на Ф.Т.(51) од село Неготино. При контролата, во објектот биле затекнати пет македонски државјанки и една албанска државјанка, која била приведена поради злоупотреба на туристичкиот престој. Исто така, било констатирано дека во објектот не се почитуваат протоколите за заштита и спречување на ширењето на Ковид 19. Сопственикот Ф.П. бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 206 од кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Back to top button
Close
Close