0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

МВР билтен (ДПЛ)

Во СВР Штип денеска било пријавено дека на ул.„Сутјеска“ настанал пожар на патничко возило „БМВ“, сопственост на З.Ч.(34) од Штип, од кој било зафатено и патничко возило „шкода фабија“, сопственост на правно лице од Скопје.

Скопје, 4 мај 2020 (МИА) – Во СВР Штип денеска било пријавено дека на ул.„Сутјеска“ настанал пожар на патничко возило „БМВ“, сопственост на З.Ч.(34) од Штип, од кој било зафатено и патничко возило „шкода фабија“, сопственост на правно лице од Скопје. Пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Штип, а увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип. Се работи на расчистување на случајот.

Вчера во 12.30 часот било пријавено дека во Македонски Брод, на ул.„Иво Лола Рибар“, по претходна вербална расправија поради нарушени меѓусебни односи, дошло до физичка пресметка помеѓу С.Д.(62), неговата сопруга С.Д.(60) и неговата ќерка Б.М.(38), од една страна, и Д.Д.(31), од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Вчера во 23:30 часот било пријавено дека во село Будинарци, беровско, настанал пожар во плевна, во која имало земјоделска механизација, сопственост на С.Ф.. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Берово. Увид се врши од увидна екипа од Полициската станица Берово.

Вчера во 10 часот Љ.Ј.(66) пријавил дека во село Робово, пехчевско, при рушење на ѕид од плевна, веднаш до семејната куќа, пронашол рачна неексплодирана бомба, од непозната марка и потекло. Бомбата била безбедно подигната од страна на Дирекцијата за заштита и спасување Берово за понатамошна постапка.

Вчера во 2:45 часот полициски службеници од Полициската станица Пробиштип, на ул.„Миро Марага“ во Пробиштип, го лишиле од слобода Д.Р.(36) од Пробиштип, затоа што при извршениот преглед кај него била пронајдена марихуана. Се работи на комплетирање на случајот, по што ќе биде поднесена кривична пријава.

Утрово во 4:50 часот Т.П.(25) од Скопје пријавила дека околу 2 часот, додека била на работно место во Клиниката за пулмологија, била физички нападната од С.Ј.(56) од Скопје. Сочинет бил записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.

Полициски службеници од СВР Штип лишиле од слобода две малолетни лица на возраст од 16 и 17 години, кои на ул.„Вера Циривири“ биле затекнати при вршење на кривично дело „кражба“ од патничко возило „застава“, сопственост на М.Б.(65) од Штип. Исто така, малолетниците се осомничени дека сториле кривично дело „тешка кражба“ извршена на 01.05.2020 околу 17.30 часот во куќа на ул.„Иво Лола Рибар“ во Штип, сопственост на К.М.(73) од Штип, од каде бил одземен златен накит и кривично дело „кражба“ извршена на 01.05.2020 околу 18.00 часот од куќа на ул.„19-та бригада“, сопственост на Б.Ш.М.(50) од Штип. Од страна на полициски службеници украдените предмети се вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите, против сторителите ќе биде поднесена кривична пријава.

Ноќеска во 1:15 часот В.Ч.(38) од Скопје пријавил дека вчера во 23.40 часот на ул.„Македонско-косовска бригада“ тој и Џ.А.(40) биле физички нападнати од повеќе непознати лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Битола поднесе 14 кривични пријави против Љ.А(26), К.Б.(26), В.Р.(30), И.А.(20), сите од Битола, А.Ц.(49), А.Ш.(39), Р.А.(32), С.Џ.(36), Е.Џ.(34), О.И.(22), Ф.Б.(23), сите од Прилеп, В.Б.(44) од с.Кадино, прилепско, М.П.(59) од Ресен, А.И.(41) од с.Житоше, прилепско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените, во периодот од 31 март 2020 до 3. април 2020 година не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење. бк/

Back to top button
Close
Close