ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

На 20.06.2021 СВР Штип спроведе акциска контрола во областа на сообраќајот, при што се изречени 99 мерки на возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната, од кои 48 возачи управувале возило со брзина поголема од пропишаната надвор од населено место, а 51 возач во населено место. Санкционирани се и 26 останати прекршоци.

Скопје, 21 јуни 2021 (МИА) – На 20.06.2021 СВР Штип спроведе акциска контрола во областа на сообраќајот, при што се изречени 99 мерки на возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната, од кои 48 возачи управувале возило со брзина поголема од пропишаната надвор од населено место, а 51 возач во населено место. Санкционирани се и 26 останати прекршоци.

На 21.06.2021 во 06.10 часот во СВР Куманово, А.А.(23) од Куманово пријавил дека во казино во Куманово бил физички нападнат од О.Х.(30). Сочинет е записник за константиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.

На 21.06.2021 околу 04.30 часот на паркинг пред угостителски објект во Куманово од полициски службеници од СВР Куманово биле приведени Б.К.(25) од с.Кучкарево, Ф.В.(21) од Скопје, А.А.(23) и И.С.(22), двајцата од Куманово, бидејќи откако Б.К. физички го нападнал Д.М.(21) од Скопје, приведените го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, а Б.К. агресивно се однесувал и физички нападнал и полициски службеник кој вршел службени дејства. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.06.2021 во 20.40 часот А.Б.(45) од Скопје пријавил дека во Градскиот парк бил физички нападнат од Д.М.(66) и А.Н.(25), двајцата од Скопје. Сочинет бил записник за константиран прекршок по чл.12 ст.1 од ЗППЈРМ.

На 20.06.2021 во 17.50 часот во СВР Охрид, В.С.(27) од Охрид пријавил дека во авто-камп во Охрид бил физички нападнат од С.К.(22), С.К.(20) и И.С.(22), сите од Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.06.2021 во 16.30 часот во Полициската станица Центар, Ј.Б.(31) од Скопје, пријавил дека на бул.„Гоце Делчев“ бил каснат од куче скитник.

На 20.06.2021 околу 22.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на хотел на подрачјето на Центар, С.Ј.(22) и И.Ј.(21), двајцата од Скопје, биле физички нападнати со тврди предмети од Б.Н. и А.А.(25) од с.Сарај, скопско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.06.2021 во 11.45 часот во Полициската станица Кисела Вода, Ф.В.(24) од Скопје пријавил дека во нас.Припор бил каснат од куче скитник.

На 20.06.2021 во 23.50 часот Д.И.(39) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија, С.Н. физички ги нападнала неговите две малолетни деца. Се работи на расчистување на случајот.

На 20.06.2021 во 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бензиска пумпа на подрачјето на Гази Баба, вработениот Д.Ц.(31) бил физички нападнат од четири лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.06.2021 во 17.00 часот било пријавено дека на подрачјето на Аеродром двaјца  малолетници со закана побарале пари од две други малолетни лица. Се работи на расчистување на случајот. оџ/са/

Back to top button
Close
Close