0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

Два автобуси на туристичка агенција од Гостивар превезуваат поголем број патници од дозволениот максимум од 75 отсто, односно не биле почитувани мерките за превоз на патници според здравствените прописи за време на епидемија.

Скопје, 28 мај 2021 (МИА) Утринава, во 08.10 часот, на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај с.Другово, полициски службеници од ПС за БПС Кичево извршиле контрола во два автобуси на туристичка агенција од Гостивар, управувани од Б.М.(63) од с.Балиндол, гостиварско и И.И.(51) од с.Форино, гостиварско. При контролата било констатирано дека во автобусите се превезуваат поголем број патници од дозволениот максимум од 75 проценти исполнетост на капацитетот на возилата кои вршат јавен превоз на патници односно не биле почитувани мерките за превоз на патници според здравствените прописи за време на епидемија. Известен е Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Скопје-Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против И.С.(39) од Скопје и против М.Н.(67) од Скопје за сторено кривично дело ,,комар” од чл.398 ст.1 од КЗ. Првопријавениот на 28 април 2021 година, неовластено организирал играње комар во просторија- стан  лоциран на ул.Костурски Херои во општина Центар, кој му бил ставен на располагање од страна на второпријавената М.Н., при што, при превземено истражно дејствие претрес на дом од страна на полициски службеници во Единицата за економски криминал затекнати се 11 лица како играат комар, кои што воедно постапувале и спротивно на пропишаните мерки и протоколи за заштита од Ковид 19, каде што е изрично забрането групирање на повеќе од четири лица во затворен простор и објект, за што исто така следува соодветен поднесок.

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против И.М.(33) и К.М.(31), двајцата од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 26 мај 2021, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории на пријавените, при што биле пронајдени кокаин и пари.

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против И.А.(20) од с.Чегране, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурсори“. На 25 септември 2020 на магистралниот пат А2, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот при што пронашле и одзеле марихуана.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.З.(37) од с.Ласкарци, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривиично дело „злоупотреба на лични податоци“. Пријавениот, на социјалната мрежа Инстаграм креирал лажен профил на кој злоупотребувал  фотографии од оштетениот С.Ф. од с.Теарце, тетовско, што ги одзел од неговиот вистински профил, по што со истиот лажен профил комуницирал со негови роднини и пријатели.

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против А.Р.(23) од с.Градец, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“. На 18 февруари 2021, полициски службеници извршиле контрола и не го пронашле пријавениот во неговиот дом и покрај тоа што имал решение за домашна изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

На 28.05.2021 во 00.30 часот во СВР Скопје, од СОС „Детско село“ било пријавено дека на 27.05.2021 околу 23.00 часот се вратил нивниот штитеник М.О.(16), за кој на 25.05.2021 било пријавено дека се оддалечил од домот.

На 27 мај 2021 околу 07.30 часот во Полициското одделение Шуто Оризари било пријавено дека на ул.„Индира Ганди“ бил пронајден починат Т.С.(18) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

На 27 мај 2021 во 15.30 часот во СВР Скопје, О.А.(29) од Скопје пријавил дека околу 13.15 часот пред продавница во негова сопственост на подрачје на Кисела Вода, додека бил заедно со К.Д. и К.А., дошол В.Н. и со остар предмет упатувал закани кон него. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.05.2021 во 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Жан Жорес“ во Гази Баба, поради меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Ј.(25) и С.Ј.(21), двајцата од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 27.05.2021 во СВР Скопје, З.З.(41) од с.Мојанци, скопско, пријавил дека од дома се оддалечила неговата ќерка А.З.(13). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 27.05.2021 околу 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред зграда на подрачје на Гази Баба, поради претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.Т.(22) и А.М.(23), двајцата од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close