ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

На 22.05.2021 околу 22.00 часот во близина на Спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Х.Б.(22) од Охрид затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Скопје, 27 мај 2021 (МИА)На 22.05.2021 околу 22.00 часот во близина на Спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Х.Б.(22) од Охрид затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(48) од струшкото село Мислодежда поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење шуми“ и против албанските државјани В.Л.(35), Б.Т.(35), и А.Т.(26) поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пустошење шуми“ и „кражба“. Пријавениот С.М., во својство на директор на правно лице од Струга, неовластено ги ангажирал албанските државјани за сеча на дрва за која немал одобрение од надлежен орган. Тие биле затекнати при нелегална сеча во шумски појас во атарот на селото Песочан, општина Дебарца, по што биле приведени од страна на полициските службеници. По преземени мерки било констатирано дека од почетокот на оваа година бесправно исекле 1147 метри кубни буково, дабово и индустриско дрво. Со тоа, на Јавното претпријатие „Национални шуми“ и на Шумското стопанство „Галичица“-Охрид им предизвикале материјална штета од околу два милиони денари.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривичнa пријавa против С.Д. (31) од с.Гајранци, пробиштипско и М.Ц. (42) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојничка кражба“ и „тешка кражба“. На 02.04.2021 во с.Пуздерци, С.Д. и М.Ц. со употреба на сила влегле во куќа каде одзеле различни предмети, по што се упатило во друга куќа, каде што при одземање на предмет биле забележани од сопственикот, кој потоа физички го нападнале.

Денеска (27.05.2021), по претходно добиени оперативни сознанија и врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на С.Д.(53) од Куманово. При претресот биле пронајдени 45 лица – мигранти од разни држави од Блискиот исток. С.Д. е приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.И. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Пријавениот, на 27.09.2020 во с.Лојане, општина Липково, одзел туѓи огревни дрва и ги натоварил во приколка од трактор за кои не поседувал испратница и жиг.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Ј.(45) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. Пријавениот, на 03.12.2020 во Куманово физички го нападнал К.Н.. од Куманово.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Б.(34), О.Б.(21) и Л.Б.(17), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. Пријавените, на 27.04.2021 на улица „Анѓа Ранковиќ“ физички го нападнале А.Р. од Куманово.

ОВР Делчево поднесе кривична пријава против В.М.(23) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”. На 15.10.2020 на влезот во Македонска Каменица, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана и кокаин.

ОВР Свети Николе поднесе кривична пријава против М.Ј.(28), Ф.Р.(41) и Љ.И.(26), од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 23.05.2021, кај клучка Кадрифаково, на автопат Миладиновци-Штип, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „мерцедес“, во кое биле пријавените, пронашле и одзеле хероин и канабис.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.С.(52) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење“. Пријавениот во својство на службено лице вработено во ЈП„Градски гробишта“-Охрид, по склучување на два договори за купување на гробни места издал службена каса-прими документ и фискални сметки, а потоа свесно не го завел лицето како сопственик на гробните места во службените евиденции, фискалните сметки ги сторнирал, каса-прими документот го прикрил, а парите не ги предал во службената благајна и противправно ги присвоил за себе, со што нанел штета на Јавното претпријатеие во износ од 92.000 денари.

ОВР Виница поднесе кривична пријава против М.Д.(20) од Виница, управител на приватна фирма, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот, од јануари до март 2021 година на катастарска парцела во Виница започнал со изградба на нов објект – хала без да поседува соодветна документација, односно одобрение за градба.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против М.Д.(21) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“. На 15.03.2021, пријавениот М.Д. во станица за технички преглед  во Виница пуштил во оптек една фалсификувана банкнота во апоен од 50 евра. На 16.03.2021, вработен во станицата за технички преглед ја однел банкнотатат во банка каде му било кажано дека е фалсификат.

СВР Битола, СВР Охрид, СВР Штип, СВР Тетово, СВР Куманово и СВР Велес поднесоа кривични пријави против З.Д.(44), Т.М.(44), П.К. (44), сите од Велес, Г.А.(43) од Ресен, И.А.(29) од Битола, А.М. (32), Ф.М. (35), А.Ш. (27), А.Д. (29), Е.А. (25), Б.М. (21) и Б.А. (41), сите од Битола, Ж.К.  од Куманово, Е.Д. (28) од Штип, Љ.С. (37), Ф.К. (29), С.С. (24), сите од Македонски Брод, М.С. (17) од Охрид, Т.М. (25) од Ресен, М.А. (32) од Тетово, К.С. (35), П.А. (40), С.Ф. (40), Џ.А. (34) и Џ.С. (44) сите од Р.Албанија, Ј.К. (21) и И.Ч. (20) од с.Русиново-Берово, Ж.Р. (31) од Охрид, Е.Л. (39), П.И. и В.Ф.(37) од Косово, О.Ѓ.(39) од с.Росоман, Г.Ш.(37) од Кавадарци, З.И.(58) од с.Крапа, Македонски Брод, И.В. (22) од Битола, С.Б. (22) од Скопје, М.Г. (28), Н.Ј. (32) двајцата од Струга, М.Р. (30), Н.Ј. (40), Д.М.(44) сите од Штип, А.А. (39) с.Зајас-Кичево, Д.Ј. (51) од Кичево, Ј.К.(21) и И.Ч.(20) од с.Русиново, Берово и Ж.Р.(31) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Пријавените, во периодот од 02.04 до 25.05.2021, без дозвола за движење се движеле за време на ограничувањата дадени од страна на Влада на Република Северна Македонија за забрана за движење на возила и лица.

ОВР Делчево поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект од Делчево и Ѓ.М.(54) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”. На 19.03.2021 во 21.30 часот, полициски службеници извршиле контрола во објектот, при што затекнале четири лица-гости, сопственикот Ѓ.М. и еден вработен и било констатирано дека не се почитува работното време и протоколите за работа на угостителските објекти за време на епидемија на Ковид 19.

На 26.05.2021 во 09.50 часот во СВР Скопје, К.Н.(78) пријавила дека на 25.05.2021 околу 12.00 часот на подрачје на Ѓорче Петров била физички нападната од М.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 26.05.2021 во 23.30 часот во СВР Скопје, В.С.(43) од Скопје пријавил дека околу 23.10 часот на подрачје на Аеродром, тој и С.К.(33) од с.Трубарево,скопско, по претходно недоразбирање биле физички нападнати од Н.К. и уште неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 26.05.2021 во 08.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на ул.„50-та Дивизија“ едно лице со закана кон вработениот одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 26.05.2021 околу 19.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Кеј Димитар Влахов“ четири лица физички го нападнале С.И.(40) и му одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  оџ

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close