ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

На 24 април 2020 година во 16:00 часот во Единицата за известување и команда во Скопје, С. С. (43) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 13:00 часот додека заедно со неговиот брат И.С се движеле со неговото патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, по обиколница од Скопје кон Тетово, во близина на клучка „Радишани“, пред да се исклучат, патот им го пресекол, патничко моторно возило марка „мерцедес“, црна боја, со непознати регистарски ознаки.

Скопје, 25 април 2020 (МИА) – На 24 април 2020 година во 16:00 часот во Единицата за известување и команда во Скопје, С. С. (43) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 13:00 часот додека заедно со неговиот брат И.С се движеле со неговото патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, по обиколница од Скопје кон Тетово, во близина на клучка „Радишани“, пред да се исклучат, патот им го пресекол, патничко моторно возило марка „мерцедес“, црна боја, со непознати регистарски ознаки. Кога возачот на „мерцедесот“ го отворил прозорот, пријавителот видел дека тоа е неговиот брат Е.С. кој бил заедно со неговиот син, кој му упатил вербална закана по неговиот и животот на неговото семејство. Истовремено Е.С им се заканил на двајцата браќа со вперен пиштол кон возилото во кое биле С.С. и И.С. по што пријавителот и сопатникот се исплашиле и побегнале од местото на настанот. Се работи на целосно расчистување на случајот

На 24 април 2020 година околу 4:00 часот во Куманово на ул. „Ѓуро Пуцар-Стари“, опожарено е патничко моторно возило марка „ауди“ со кумановски регистарски ознаки сопственост на М. Д. од Куманово. М.Д.,по негово кажување се сомнева дека пожарот, кој сам го изгасил бил подметнат. Извршен е увид и СВР Куманово работи на целосно расчистување на настанот.

На 24 април 2020 година во 17:50 часот во Полициско одделение Групчин лицето И.М. (43) од село Добарце пријавил дека истиот ден тој и неговиот внук биле физички нападнати од страна на лицата А.А. и Ф.А. Околу 9:00 часот, најпрво во неговиот двор влегло лицето Ф.А., кој побарал од неговиот внук Е.М. да си го чува врзано кучето во дворот затоа што му влегувало кај него дома по што ненадејно му удрил тупаница на Е.М. Неколку часа подоцна, поточно околу 15:30 часот, кај пријавителот дошол и синот на Ф.А., А.А. кој реагирајќи дека неговиот татко бил навредуван исто така му удрил една тупаница на И.М. Потоа расправијата продолжила во физичка пресметка- тепачка во која што Ф.А. и А.А. со железна шипка и безбол палка ги нападнале Е.М. и И.М. По настанот И.М побарал лекарска помош во Клиничка болница Тетово каде биле констатирани видливи повреди во пределот на лицето, како и скршеница на прст од десната рака. Се работи на целосно расчистување на случајот.

На 25 април 2020 година во 07.30 часот во Полициската станица Аеродром лицето Н.Б.(35) од Скопје, пријавила дека претходниот ден, односно на 24.04. 2020 година околу 10:30 часот, во непознат правец се оддалечила нејзината мајка Н.С. (68). Се работи на случајот за пронаоѓање на лицето. мд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close