ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

На 11.03.2020 во 18.30 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кичево, на пат во близина на кичевското село Другово, ги лишиле од слобода Е.А.(31) и И.Ј.(27), двајцата од Скопје, затоа што при преглед на возило во кое се превезувале биле пронајдени и одземени марихуана и хероин. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје, 12 март 2020 (МИА)На 11.03.2020 во 18.30 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кичево, на пат во близина на кичевското село Другово, ги лишиле од слобода Е.А.(31) и И.Ј.(27), двајцата од Скопје, затоа што при преглед на возило во кое се превезувале биле пронајдени и одземени марихуана и хероин. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 11.03.2020 во периодот од 10.30 до 15.30 часот на поширокото тетовско подрачје спроведена е локална акциска контрола во која посебен акцент бил ставен на користењето фолии на стаклата од возилата. Со контролата биле опфатени 113 возила, од кои возачите на 78 возила сами ги отстраниле фолиите, а на осум ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци. Откриени и законски санкционирани се и десетина други видови прекршоци (истечена регистрација, управување без возачка дозвола, неносење возачка дозвола, непочитување на законските ограничувања од возачи почетници).

На 11.03.2020 во 21.58 часот во СВР Скопје, В.В.(36) од Скопје пријавил дека околу 21.45 часот во угостителски објект на бул.„Јане Сандански“ бил физички нападнат од Л.А.(43) од Скопје. Сочинет бил записник за константиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 11.03.2020 во 14.00 часот во СВР Скопје, А.Б.(44) од Скопје пријавил дека на ул.„Максут Садик“ бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

На 11.03.2020 во 18.28 часот во СВР Скопје, Б.Т.(34) од Скопје пријавил дека околу 18.20 часот на бул.„Јане Сандански“ бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

На 11.03.2020 во 19.20 часот во СВР Скопје, Р.О.(54) од Скопје пријавил дека околу 18.50 часот на ул.„Душко Поповиќ“, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од две лица. Се работи на расчистување на случајот.

На 11.03.2020 во 09.00 часот во СВР Скопје, С.Н.(40) од Скопје пријавил дека околу 07.30 часот на ул.„Никола Тесла“, по претходна расправија, бил физички нападнат од К.К.. Се работи на расчистување на случајот.

На 11.03.2020 во 08.40 часот во Полициската станица Чаир, В.К.(43) од Скопје пријавил дека на ул.„Призренска“ бил каснат од куче скитник во пределот на на десната надколеница.

На 11.03.2020 во 17.00 часот во Полициската станица Гази Баба Љ.Ц.(55) од Скопје, пријавил дека на 07.03.2020 од домот се оддалечила неговата ќерка М.Ц.(25). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Љ.(33) од с.Грчец, скопско, и две непознати лица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба“ и две кривични дела „одземање на моторно возило“. Разбојничката кражба ја извршиле на 27.11.2019 на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, одземајќи патничко возило „ауди а6“, сопственост на Х.К.(32) од Тетово. Тој ги забележал и се обидел да ги спречи, но го прегазиле и заминале. Додека, двете кривични дела „одземање моторно возило’’, ги сториле во периодот од 31.07.2019 до 26.09.2019, во Тетово, при што го користеле невниманието на сопствениците, кои возилата ги оставале со вклучен мотор, по што пријавените влегувале и ги одземале возилата.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против К.Ѓ.(24) од Скопје, полициски службеник од СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „малтретирање во вршење на служба“ и „лажно пријавување на кривично дело“. На 26.02.2020 на ул.„Славеј Ѓерѓиевски Шнајдер“, при преземање на службени дејствија го удрил Д.К.. За настанот изготвил службен материјал во кој навел дека бил физички нападнат и веднаш потоа се упатил во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а истиот ден било пријавено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 11.03.2020 во 13.35 часот во Полициската станица Карпош, М.Н.(32) од Гевгелија пријавил дека на ул.„Козле“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.

Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава против Д.С.(27) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 02.03.2020, пријавениот со метален предмет фрлал кон полициски службеници и се обидел да ги повреди. Набргу потоа, тој бил лишен од слобода и приведен во полициска станица.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.Т.(33) и С.Т.(32), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 26.04.2019, без согласност на оштетениот З.В (55) од Штип, спротивно на условите утврдени со закон, ги искористиле неговите лични податоци при аплицирање за брз онлајн кредит во износ од 10.000 денари, кој бил одобрен и паричните средства неовластено биле подигнати од банкомат со неговата платежна картичка.

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.П.(47) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 07.09.2019 полициски службеници извршиле претрес во дом во Штип, при што пронашле и одзеле 58 куршуми калибар 7,62 мм., наменети за различни видови оружја, кои ги добил во текот на 2001 година, кога бил во составот на тогашната полициска единица „Лавови“, но не ги раздолжил во 2003 година, кога добил отказ. мс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close