ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

Во текот на денешниот ден, на подрачјето на СВР Тетово  спроведена е акциска контрола за престигнување, во која вкупно биле откриени и санкционирани 72 прекршоци (Тетово -42 и Гостивар-30). Покрај ова, во контролата биле констатирани и заокружени со поднесоци и 13 други видови прекршоци (Тетово -десет и Гостивар - три).

Скопје, 12 април 2021 (МИА) – Во текот на денешниот ден, на подрачјето на СВР Тетово  спроведена е акциска контрола за престигнување, во која вкупно биле откриени и санкционирани 72 прекршоци (Тетово -42 и Гостивар-30). Покрај ова, во контролата биле констатирани и заокружени со поднесоци и 13 други видови прекршоци (Тетово -десет и Гостивар – три).

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Љ.Ѓ.(43) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 2 април 2021 година, на наплатна рампа Миладиновци, полициски службеници запреле патничко возило во кое пријавениот бил сопатник и при преглед кај него бил пронајден и одземен хероин.

На 11 април 2021 година во село Могила, полициски службеници  од Полициската станица Битола го лишиле од слобода С.Е.(77) од Могила, затоа што со пиштол се заканувал на неколку лица од селото. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 133 од Кривичниот законик.

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против М.М.(22) од Богданци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 15 октомври 2020 година полициски службеници извршиле претрес на дом и помошни простории на пријавениот во Богданци, при што пронашле и одзеле марихуана, семки од растението канабис и тетрахидтоканабинол.

На 11 април 2021 година во 06:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во барака на улица „Иван Манолев“, сопственост на Н.П.(37). Во пожарот целосно изгорела бараката, а повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид бил извршен.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.С.(26) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Недозволено изработување, држење, тргување и посредување со оружје или распрскувачки материи“. На 7 април оваа година, полициски службеници од СВР Скопје извршиле претрес на дом и други простори кај пријавениот, при што пронашле и одзеле револвер и куршум.
На 11.04.2021 околу 21.00 часот во Полициското одделение Сарај, Ф.И. од с.Сарај пријавил дека С.И. влегол во неговиот двор и ги скршил камерите од видео надзорот. Се работи на расчистување на случајот.

На 11 април  во 09:44 часот во СВР Скопје било пријавено дека во викенд куќа во село Раштак, скопско била пронајдена почината В.Л.(71). Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Р.(40) од село Оровник, општина Дебарца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Фалсификување пари”. Пријавениот набавил фалсификувана банкнота од 100 евра и на 31 октомври минатата година ја пуштил во оптек  како вистинска во казино во Куманово, разменувајќи ја кај вработената на каса во денари. Откако вработената се посомневала дека банкнотата не е вистинска ја проверила во најблиската менувачница каде ѝ било потврдено нејзиното сомневање.

Во текот на вчерашниот ден околу 21:50 часот во Полициската станица Центар од слобода бил лишен А.Б.(28) од Скопје, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Тешка кражба”. Притоа тој агресивно се однесувал, со рака го скршил прозорецот во просторијата за задржување и се здобил со повреди, а лекарска помош му била укажана во Градска општа болница „Св.Наум Охридски”. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 11 април во 09:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на улица „Козле“ едно лице со закана кон вработениот одзел пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против А.С.(43) од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Загрозување на сигурноста“. На 29 март оваа година во  Радовиш, во кругот на Територијалната противпожарна единица Радовиш, пријавениот со остар предмет упатил закани кон повеќе вработени, кои биле на своите работни места.

Во текот на вчерашниот ден во 20:40 часот во Полициската станица Кочани, М.И.(43) од Кочани пријавила дека во место викано „Трајаново трло“ во Кочани, пред нејзината куќа, поголема група на граѓани физички ги нападнале нејзините роднини и соседи. Од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани известен е Јавен обвинител и извршен е увид на местото на настанот. По добиени насоки од Јавен обвинител се преземаат мерки за идентификација и повикување на разговор на сите учесници во настанот. Се работи на целосно комплетирање и документирање на случајот по што против учесниците во физичката пресметка ќе биде поднесена соодветна пријава.

Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје поднесе кривична пријава против Џ.А.(35), ШМ(47), државјани на Косово и О.Х.(47) државјанин на Турција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Фалсификување исправа“ и „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените на 4 април оваа година на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје приложиле фалсификувани негативни ПЦР тестови.

СВР Велес, СВР Штип и СВР Струмица поднесоа кривични пријави против Г.М.(59) од Неготино, Т.Ј.(38) и М.Ѓ.Ј.(32) од село Ваташа, кавадаречко, Д.К.(53) од село Двориште, беровско, В.К.(48) од село Просениково, струмичко, Ј.М.(34), М.Д.(25) двајцата од Радовиш, А.А.(22) од Виница, Љ.В.(38), Ж.Р.(38), А.Г.(27), тројцата од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените, во периодот од 14 март до 6 април 2021 година се движеле без дозвола за движење за време на ограничувањата дадени од страна на Владата на Република Северна Македонија за забрана за движење на возила и лица во периодот од 22:00 до 05:00 часот.

На 11 април 2021 година во 10:12 часот во СВР Скопје било пријавено дека на пазарот во скопската населба Чаир има починато лице. Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека станува збор за Љ.К.(63) од Скопје. Екипа од Итна медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Б.Ј.(40) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”. Пријавениот, на 27 февруари оваа година во изнајмен угостителски објект на Пониква -Осогово организирал прослава на која поканил и присуствувале околу дваесетина лица. ки/дма/

Таг

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close