ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

Во СВР Охрид вчера во 12,20 часот од ТППЕ Охрид, бил пријавен пожар во помошна просторија на ул.„Живко Чинго“. Полицијата констатирала дека дошло до пожар во помошна просторија која се наоѓала позади куќата сопственост на М.В.(55), а настанал најверојатно поради краток спој на електричната инсталација.

Скопје, 28 февруари 2020 (МИА) –  Во СВР Охрид вчера во 12,20 часот од ТППЕ Охрид, бил пријавен пожар во помошна просторија на ул.„Живко Чинго“. Полицијата констатирала дека дошло до пожар во помошна просторија која се наоѓала позади куќата сопственост на М.В.(55), а настанал најверојатно поради краток спој на електричната инсталација.

Од МВР соопштија денеска дека при пожарот целосно изгорело товарно моторно возило „опел виваро“ со охридски регистарски ознаки, кое било паркирано позади куќата. Пожарот бил изгаснат од екипа на ТППЕ-Охрид.

На 27.02.2020 во Полициската станица Карпош, Е.М.(30) Скопје вработена како воспитувачка во Јавна Установа за Згрижување деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение, доставила известување од установата, со кое пријавила дека од ЈУ-Организациона единица Козле се оддалечила нивната штитеничка М.Е.(17), која и претходно се оддалечувала и била враќана. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 27.02.2020 во 20,00 часот во СВР Битола, 28-годишна жена од Битола, пријавила дека во нивниот дом од сопругот Н.В.(42) била физички нападната при што се здобила со тешки телесни повреди. По преземени мерки сторителот бил лишен од слобода и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.02.2020 во 15,40 часот било пријавено дека во Куманово, на ул.„Доне Божинов“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „киа“ управувано од М.Х.(29) од Куманово, патничко моторно возило „шкода“ сопственост на МВР, управувано од Г.Б.(51) од Куманово, и автобус „темса“ управуван од И.С.(41) од Куманово. Во незгодата сопатникот В.П. (32) од патничкото возило „шкода“ се здобил со повреди, по што бил пренесен во Општата болница- Куманово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

На 27.02.2020 околу 15,50 часот на улицата “18-ти Ноември“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле В.С.(22) од Гостивар осуден на затворска казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. По приведувањето, реализирано со судска наредба, В.С. бил спроведен во Казнено-поправната установа „Тетово“ за издржување на казната.

На 27.02.2020 во 16,50 часот А.С.(39) од Скопје во СВР Тетово пријавил дека движејќи се по улицата “Ѓоце Стојчевски“ во Тетово бил каснат во пределот на левата нога од куче скитник.

Во рамки на контролните активности за паркирањето во Тетово, вчера (27 февруари) откриени, законски санкционирани и подигнати се 15 погрешно паркирани возила, најмногу во централното градско подрачје. Во овие активности, исто така, откриени се и две возила со истечена регистрација, двајца возачи-почетници кои не се придржувале на законските ограничувања, еден возач без положен возачки испит и други видови сообраќајни прекршоци, кои биле соодветно санкционирани.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.И. (29) од с.Батинци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “насилство“. На 29.01.2020 на бул.“Крсте Мисирков“, по претходна вербална расправија ,пријавениот физички го нападнал Ф.С. (40) од Скопје, а потоа со пиштол го удрил во пределот на лицето.

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Е. (18) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “насилство“. На 20.01.2020 на ул.„Косовска“ пријавениот сопрел такси возило во кое веќе се превезувале А.М. (48) и уште едно лице на возраст од 16 години, двајцата од Штип, по што веднаш физички го нападнал малолетникот заканувајќи им се дека треба во текот на денот да му донесат 500 евра.

СВР Штип поднесе кривична пријава против К.З.(21), Ф.А.(19) и С.Д.(20) сите од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “насилство“. На 01.01.2020 на ул.„Сутјеска“ по кратка вербална расправија, со употреба на физичка сила го оштетиле возилото на Д.Р. (33), по што физички го нападнале нанесувајќи му тешки телесни повреди. Во тој момент бил присутен и Д.Ѓ.(33) кој при обид да ја смири ситуацијата бил нападнат од пријавените кои со тврд предмет му нанеле тешка телесна повреда.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.Р.(54) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “силување“. На 07.12.2019 во близина на автобуската станица во Штип пријавениот откако и понудил превоз до домот на оштетената на возраст од 19 години, истата влегла во неговото патничко возило „форд“, по што пријавениот откако ја одвел во населба Пребег во Штип и со употреба на физичка сила извршил обљуба над неа.

СВР Штип поднесе кривична пријава против И.К.(61) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “злоупотреба на службената положба и овластување“ и против Т.П.(55) двајцата од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “употреба на исправа со невистинита содржина“. Првопријавената во својство на нотар на 05.09.2014 година во просториите на нејзината нотарска канцеларија во Штип, во книгата за заверка и потврди УЗП извршила упис и со својот службен печат и потпис заверила писмена изјава за давање согласност за пренос на станарското право на стан на ул.„Ванчо Прќе“ во Штип од починатите родители на второпријавениот, по што истиот без согласност и лично присуство на неговата сестра Л.П. од Штип, кој иако знаел дека наведената изјава е со невистинита содржина, односно дека неговата сестра Л.П. не била согласна и не била наведена во исправата, заради приватизирање на станот на негово име на 18.09.2014 ја употребил како вистинска во прилог на барањето поднесено до Министерството за транспорт и врски, по што наведеното министерство му издадело решение за единствен наследник и носител на станарското право.

 

На 26.02.2020 во 18.30 часот во СВР Скопје, Ф.Р.(20) и Б.А.(21) двајцата од Скопје пријавиле дека околу 15.00 часот на бул.„Крсте Мисирков“ по претходна расправија биле физички нападнати од повеќе непознати лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.02.2020 во 23,15 часот во СВР Скопје, М.Б.(42) од Скопје, пријавила дека околу 22,30 часот на бул.Јане Сандански нејзината 14 годишна ќерка била физички нападната од две нејзини соученички. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.02.2020 во 06.55 часот во СВР Скопје, Б.Ѓ.(40) од Скопје пријавил дека на крстосницата бул.Србија со бул.12-та Македонска Бригада, по претходно недоразбирање околу сообраќајот, бил удрен во левата нога од патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки управувано од непознато лице кое потоа го напуштило местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.02.2020 во 19,30 часот во СВР Скопје, К.П.(48) од Скопје пријавила дека во периодот од 18,30 до 19,00 часот на ул.Мите Богоевски поради претходни несогласувања била физички нападната од Д.Н.(55) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.02.2020 во 19.30 часот во Полициска станица Центар било пријавено дека на 26.02.2020 во 22.00 часот во Јавната установа за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение-Скопје се вратила нивната штитеничка Д.Л.(16) од Скопје која на 17.02.2020 била пријавена дека се оддалечила од установата.

СВР Скопје, Единица за економски и компјутерски криминал до Основно Јавно Овинителство во Скопје поднесе кривична пријава против Б.С.(31) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело ,,фалсификување исправа “ казниво по член 378 од Кривичниот законик. На 14.10.2019, пријавениот извршил уплата во банка од Скопје на износ од само 750,00 денари на име на глоба за сторен сообраќаен прекршок во октомври 2018, а потоа вториот примерок од уплатницата го преправил и со невистинита содржина го доставил до Одделенито за прекршоци – Сектор за прекршоци Скопје 1 како доказ за наводно целосна подмирена глоба за сторен прекршок, причинувајќи штета на буџетот за износ од 30.000,00 денари. цр/

Back to top button
Close
Close