ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР денеска соопшти дека вчера на крстосница на улиците „Киро Ристевски-Дрнц“ и „Љуботенска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода двајца 17-годишни малолетници од Тетово.

Скопје, 24 февруари 2020 (МИА) – На 23.02.2020 околу 22.15 часот на улица „Страшо Пинџур“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода А.Б.(18) од Тетово затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана.

Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документиорање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

МВР денеска соопшти дека вчера на крстосница на улиците „Киро Ристевски-Дрнц“ и „Љуботенска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода двајца 17-годишни малолетници од Тетово. При нивен и преглед на возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, кое било паркирано и во кое тие се наоѓале била пронајдена марихуана. Тие биле задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во периодот од 22.00 часот на 22.02.2020 до 04.00 часот на 23.02.2020 СВР Штип спроведе засилена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. При контролата, кај 27 возачи било утврдено присуство на алкохол од кои: 11 Штип, пет во Кочани, двајца во Виница, еден Делчево, еден Берово и седум Свети Николе. Сите 27 возачи биле исклучени од сообраќај, одземени им се возачките дозволи и на сите им се издадени мандатни платни налози. Санкционирани се и 23 останати прекршоци.

На 23.02.2020 околу 19.00 часот на Граничен премин „Меѓународен Аеродром Скопје“, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Ѓ.(37) од Словенија затоа што се однесувал агресивно и навредувал полициски службеници кои вршеле службени дејствија. Тој бил задржано во Полициското одделение Петровец и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 23.02.2020 во 12.00 часот во СВР Скопје, И.И.(37) од Скопје пријавил дека околу 11.25 часот на автобуска постојка на ул.„Димитрије Чуповски“, додека извршувал работни задачи како конторолор во ЈСП, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од В.П.(29) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.02.2020 во 19.30 часот во СВР Скопје, И.К.(39) од с.Црешево, скопско, пријавил дека околу 16.15 часот во угостителски објект во Трговски центар Ченто на ул.„Маџари“ бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.02.2020 во 14.15 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека настанал пожар во с.Мажучиште, прилепско, во магацин сопственост на АД „Тутунски Комбинат Прилеп“. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а бил опожарен дел од кровната конструкција од магацинот. Повредени лица нема, а увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

На 24.02.2020 околу 03.45 часот во Полициската станица Прилеп, В.Р.(43) од Прилеп пријавил дека во дворот од неговата куќа ул.„Ножот“ настанал пожар во неговото товарно возило „мерцедес вито“. Во 04.05 часот пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од ПС Прилеп.

На 23.02.2020 во 16.20 часот во Полициската станица Струмица, Е.К.(28) од село Ангелци, струмичко, пријавила дека нејзиниот сопруг Т.К. излегол од дома и се уште не се вратил.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 24.02.2020 во 00.30 часот во Полициската станица Кичево, О.Ш.(26) од Кичево пријавил дека на улица „Партизански одреди“ во Кичево бил каснат од куче скитник во пределот на рацете.

На 23.02.2020 во 18.00 часот во Полициската станица Кичево, Р.К.(39) од Кичево пријавил дека 16.00 часот во селото Пополжани бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.

СВР Штип поднесе кривична пријава против О.А.(38) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 13.01.2020 во близина на џамија во Штип пријавениот физички го нападнал А.П.(36) од Штип при што му одзел пари.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Ш.(25) од с.Боговиње, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница’’. На 04.02.2020, пријавениот со пиштол од вработена на Одделот на гинекологија ги побарал назад наплатените парични средства за хоспитализација за неговата сопруга, по што го напуштил местото.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против С.А.(27) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 01.01.2020 на ул.„Славеј Планина“, во куќата на Ц.Р., влегла пријавената – девојка на неговиот внук Д.К. и К.А.(27), по што започнале расправија со Д.К., по што С.А. истурила бензин низ просторијата и предизвикала пожар.

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.З.(24) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Во текот на јануари 2020, пријавениот во својство на службено лице – курир во Јавно претпријатие за комунално производи услужни работи „Исар“- Штип, во два наврати од јавното претпријатие присвоил парични сретства во износ од 135.241 денари кои му биле доверени од службата за уплаќање во благајна и дневен пазар на сметка на ЈП „Исар“ Штип.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.П.(31) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување употреба наркотична дрога“. На 27.03.2018 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот , при што пронашле марихуана, дигитална вага и амфетамин, а истиот ден пријавениот во неговиот двор и овозможил на уживател да ужива во марихуана.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Г.И.(27) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги , психотропни супстанци и прекурсори “. На 20.03.2019 во 21,30 часот пред казино на ул.„Тошо Арсов“ во Штип полициски службеници извршиле контрола и преглед на патничко возило, при што кај пријавениот пронашле марихуана. цр/

Back to top button
Close
Close