ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

На 20.02.2020 во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во Казнено - поправниот дом Прилеп на 19.02.2020 настанала физичка пресметка помеѓу тројца затвореници А.П., С.Ѓ., и С.М., при што А.П. со остар предмет му нанел повреди на С.М.. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Скопје, 21 февруари 2020 (МИА) – На 20.02.2020 околу 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди бил донесен З.П.(50) од скопското село Јурумлери, вработен во градежна фирма од Скопје, кој според пријавеното се повредил околу 13.00 часот додека извршувал работни задачи на објект во градба на ул.„Радишанска“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, а за настанот бил известен и трудов инспектор, соопштија денеска од МВР.

Во Полициската станица Карпош вчера во 14.00 часот било пријавено дека на 19.02.2020 околу 15.30 часот во Јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение се вратила нивната штитеничка М.Е.(17) од Скопје, за која на 17.02.2020 беше пријавено дека се оддалечила од установата.

На 21.02.2020 во 01.30 часот во СВР Скопје, Р.Р.(45) од с.Идризово, скопско, пријавил дека на 20.02.2020 околу 16.40 часот во интернет кафе на ул.„2“ во село Идризово, по претходна расправија, со тврд предмет бил физички нападнат од Е.Н., по што му одзел пари и мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.02.2020 во 16.30 во СВР Скопје, Ќ.М.(41) од Скопје пријавила дека на 19.02.2020 околу 13.45 часот на ул.„11 Октомври“ била физички нападната од П.Ш. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Одделение за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава против Р.Т.(26) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,измама“ и „фалсификување или уништување деловни книги“ и против правното лице Републичко здружение за хуманитарни цели „Здружени срца“ – Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување на деловни книги“. Пријавениот Р.Т., преку Здружението, кое немало активен статус, ниту трансакциска сметка и без да поседува документација за работењето, ветувал на граѓани дека како претседател на Здружението ќе му обезбеди финансиска помош на М.А., со организирање на концерт во Кочани во август. По ова, М.А. му се обратил на пријавениот за финансиската помош поради што на социјална мрежа имало објава со која се испраќа апел до сите оштетени граѓани во несреќни случаи да се обратат во просториите на Здружението на граѓани „Здружени срца“. На 26.01.2020 на социјалната мрежа пријавениот му праќал пораки на оштетениот за да му исплати пари, а доколку не му ги достави бараните средства да си ги повлече документите од Здружението и дека нема да му следува финансиска помош.

На 20.02.2020 во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во Казнено – поправниот дом Прилеп на 19.02.2020 настанала физичка пресметка помеѓу тројца затвореници А.П., С.Ѓ., и С.М., при што А.П. со остар предмет му нанел повреди на С.М.. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 20.02.2020 во 10.30 часот во Полициската станица Центар, А.Б.(35) од Скопје пријавил дека на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ бил каснат од куче скитник во пределот на десното коленото.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Ш.Р.(33) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. На 05.02.2020 пријавениот насилно влегол во клуб на наставници во училиште во Дебар, при што одзел повеќе предмети и се стекнал со противправна имотна корист.

На 20.02.2020 во 11.15 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Т.С.(73) од Скопје пријавил дека на ул.„1“ во с.Ново Село, скопско, бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Ф.(23) и Г.Х.(21), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 12.12.2019 на ул.„Радован Цониќ“ во Тетово, на место викано „Налбанот“, пријавените физички го нападнале Р.Е.(57) од с.Селце, тетовско.

На 20.02.2020 во 09.30 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, А.Ш.(41) од Косово, со привремен престој во Скопје, пријавила дека од семејниот дом на ул.„Овчеполска“ се оддалечила нејзината ќерка А.Р.(17) од Косово, со привремен престој во Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Ј.(56) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 10.02.2020 на ул.,,Гоце Делчев“ во Охрид, пријавениот физички нападнал полициски службеници кои преземале службени дејствија.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднeсе кривична пријава против Т.В.(38) од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 05.01.2020 во казино во Крива Паланка пријавениот физички нападнал вработен како обезбедување и оштетил апарат во казиното.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.J.(56) од Ресен, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 10.02.2020 на ул.,,Гоце Делчев“ во Охрид пријавениот физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејствија.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Р.(33) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 19.12.2019, пријавената, сопственик на туристичка агенција од Охрид, побарала од Н.С.(45) од с.Селце, тетовско, вработен во туристичка агенција во Тетово, да извади повратен авионски билет на име П.В. за 20.12.2019 на релација Скопје-Мелбурн, со лажна потврда дека е извршена уплата на средствата на чинење на авионскиот билет.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Х.(42) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 19.02.2019, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во Тетово, при што пронашле и одзеле хероин, раствор на метадон и амантадин хидрохлорид-супстанца.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Љ.(29) од Тетово и Е.С.(20) од с.Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 07.06.2019 на ул. „Илинденска” во Тетово полициски службеници извршиле преглед на Е.С., при што пронашле марихуана, за која било утврдено дека на 06.06.2019 ја набавил од Ф.Љ..

На 20.02.2020 во 15.30 часот во СВР Скопје, Л.Ќ.(33) од Скопје пријавила дека од семејниот дом на ул.„Диме Мечето“ се оддалечила нејзината ќерка С.Ќ.(13) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. цр/

Back to top button
Close
Close