ХроникаХроника.Портал

МВР-билтен (ДПЛ)

На 19.02.2020 околу 14.15 часот на ул.„Мурат Бафтијари“ во Тетово полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Е.И.(39), затоа што при преглед кај него бил пронајден хероин. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје, 20 февруари 2020 (МИА) –  На 19.02.2020 околу 14.15 часот на ул.„Мурат Бафтијари“ во Тетово полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Е.И.(39), затоа што при преглед кај него бил пронајден хероин. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 19.02.2020 во 15.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, врз основа на судска наредба, го привеле Ф.З.(27) од Гостивар, осуден на затворска казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психостропни супстанци и прекурсори“. После тоа, Ф.З. бил спроведен во Казнено-поправната установа „Тетово“ за издржување на затворската казна.

На 19.02.2020 во 21.40 часот, полициски службеници на СВР Скопје, врз основа на судска наредба, го привеле И.П.(31) од Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 235 и 236 од Кривичниот законик. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Идризово за издржување на казната.

На 19.02.2020, врз основа на Наредба од Основен суд Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го привеле Л.О.(21) од с.Ропаљце, општина Липково, кој се барал за издржување на казна затвор од пет години за сторено кривично дело „убиство во обид“. На 20.02.2020 околу 01.00 часот тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Идризово.

На 19.02.2020 околу 13.00 часот во с.Смилковци, Скопско, полициски службеници од СВР Скопје го пронашле Ј.Ц.(79) од Скопје, за кого на 18.02.2020 во СВР Скопје неговиот син Г.Ц.(47) пријавил дека се оддалечил од семејниот дом.

На 19.02.2020 околу 20.30 часот во Полициската станица Гостивар, од Медицински центар Гостивар било пријавено дека на излез од Гостивар, на магистралниот пат кон Тетово, со повреда од остар предмет на патот бил пронајден О.А.Х.(23) од Р.Турција, со регулиран престој во Гостивар. Тој бил пренесен во Ургентен центар Гостивар за укажување на лекарска помош. Во 22.00 часот, во врска со настанот, поради сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ во Полициската станица Гостивар од слобода била лишена К.Д.(24) од Р.Турција, со привремено живеалиште во Гостивар. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 19.02.2020 во Полициското одделение Новаци, И.С.(59) од с.Далбеговци пријавил дека во дворното место пронашол стари гранати. Бил извршен увид и било констатирано дека станува збор за осум неексплодирани артилериски гранати, калибар 75 мм од Првата светска војна, кои биле безбедно подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.

На 20.02.2020 во 03.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека Џ.Д.(41) од Гостивар, вработен во гостиварска фабрика, се здобил со тешки телесни повреди додека бил на работното место. Тој бил пренесен во гостиварската болница „Ферид Мурад“, а екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар извршила увид.

На 19.02.2020 околу 11.20 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека во атар на с.Октиси, Струшко, кај место викано „Мезериште“,С.Г.(57) од истото село била повредена од дрво кое паднало врз неа. Таа била пренесена во болницата „Св.Еразмо“, каде што подлегнала на повредите. Увид на местото извршила увидна екипа од Полициската станица Струга, а по наредба на Jавен обвинител, телото било предадено на обдукција.

На 20.02.2020 околу 00.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект на ул.„Борка Талевски“ во Скопје, поради недоразбирање во сообраќајот, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.Ш.(29) од Кичево и А.С.(37) од с.Крклино, Битолско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.02.2020 во СВР Скопје, И.К.(29) од Радовиш пријавил дека на 16.02.2020 околу 03.45 часот пред казино на ул.„Даме Груев“ во Скопје со дрвена палка бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.02.2020 во 17.50 часот во СВР Скопје, Н.В.(31) од с.Звегор, Делчевско, пријавил дека околу 16.00 часот во адвокатска канцеларија на ул.„1737“ во Скопје, поради нерасчистени имотно-правни односи бил физички нападнат од С.П. од Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.02.2020 околу 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус бр. 57, кој сообраќал на релација Радишани – Бутел, на ул.„Александар Урдаревски“, поради меѓусебно нетрпение, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу три малолетници од 15 до 16 години, од една страна, и пет малолетници од 13 до 16 години, од друга страна, сите од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 став 3 и член 34 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 19.02.2020 во 16.00 часот во Полициската станица Гази Баба, М.С.(48) од Скопје пријавила дека на ул.„Душан Тасковиќ“ била касната од куче скитник во пределот на левата нога.

На 19.02.2020 во 18.49 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на бул.„Видое Смилевски Бато“ едно лице со закана со пиштол од вработената одзелo пари и побегналo. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.02.2020 околу 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во маркет на ул.„11 Октомври“ едно лице со закана со пиштол се обиделo од вработените да одземе пари, но откако му пружиле отпор, побегнало, при што турнало една од вработените, која се повредила. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.И.(26) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Пријавениот, во својот дом држел марихуана за продажба, која заедно со дробилка и дигитална вага му биле одземени при направениот претрес.

На 19.02.2020 во 19.30 часот во Полициската станица Аеродром, 17-годишен малолетник од Скопје пријавил дека во трговски центар на бул.„Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.В.(23) од с.Шипковица, Тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“. На 25.12.2019 пријавениот, поради семејни недоразбирања, со нож му нанел повреди на А.Ф.(21) од с.Шипковица.

Одделението за внатрешни работи Кичево поднесе кривична пријава против Ј.В.(41) од Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 27.03.2013 на ул.„Маршал Тито“ во Кичево пријавениот, заедно со уште четири лица, со употреба на сила и со закана со огнено оружје одзеле поголема количина златен накит и пари од златара, сопственост на Т.М. од Кичево.

Регионалниот центар за гранични работи Запад поднесе кривична пријава против Л.Б. од Р.Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „тешка кражба“. Пријавениот, во викенд куќа во с.Горна Белица, сопственост на Д.М.(66) од с.Заграчани, во периодот од јануари 2018 до 17.11.2019, влегол и одзел сувенири, стекнувајќи се со противправна имотна корист.

На 19.02.2020 во 19.30 часот во Полициската станица Аеродром, Л.С.(32) од Велес пријавил дека на бул.„Кузман Јосифовски – Питу“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Ј.(45) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност”. На 24.12.2019, пријавениот отишол во домот на неговата баба Н.Б.(66) од Тетово и повеќе пати со пиштол пукал во воздух.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.И.(63) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице при вршење службено дејствие“. На 24.12.2019 во Клиничкиот центар Тетово пријавениот попречувал полициски службеници кои вршеле службени дејствија по пријава за насилство.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кратово поднесе кривична пријава против Д.К.(28) од с.Шлегово, Кратовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 14.02.2020 на регионалниот пат Кратово – Пробиштип, на место викано „Еленина глава“, пријавениот физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.И.(35) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. На 16.01.2020 во Полициската станица Тетово девојка од Тетово пријавила дека Р.И. ѝ се заканувал и ѝ барал да му ги врати парите што претходно ѝ ги праќал како поклон. мд/

Back to top button
Close
Close