ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

На 18.02.2020 околу 11.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово во Тетово го лишиле од слобода Е.М.(25) од село Горно Палчиште, тетовско, поради сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување исправа“ и од кого со потврда му било одземено патничко моторно возило „фолксваген голф“.

Скопје, 19 февруари 2020 (МИА) – На 18.02.2020 околу 11.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово во Тетово го лишиле од слобода Е.М.(25) од село Горно Палчиште, тетовско, поради сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување исправа“ и од кого со потврда му било одземено патничко моторно возило „фолксваген голф“.

Од МВР информираат дека се работи на целосно расчистување и документирање на случајот.

На 18.02.2020 во 14.30 часот на ул.„Никола Парапунов“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода И.Б.(48) од с.Равен, гостиварско, поради сомнение дека околу 10.00 часот извршил разбојничка кражба на ул.„Панче Поповски“, во непосредна близина на големиот пазар во Гостивар. Според пријавеното, соопштија денеска од МВР, И.Б. со закана со остар предмет од паркирано возило „форд транзит“ му одзел пари на М.Х.(18) од Скопје, кој се наоѓал во возилото, а потоа го напуштил местото. Извршен бил увид на местото, а И.Б. бил задржан во Полициската станица Гостивар. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 18.02.2020 во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Метохиска“, поради меѓусебно недоразбирање, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.А.(21), од една страна, и Б.Б.(24) и С.Б.(46), од друга страна, сите од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 18.02.2020 во 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект на ул.„Вашингтонска“, поради претходно недоразбирање околу сообраќајот, дошло до нарушување на јавниот ред и мир помеѓу Е.Д.(18), Р.Т.(61) и двајца 16-годишници, од една страна, и А.Б.(21) и еден 15-годишник, од друга страна, сите од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 18.02.2020 во 10.15 часот во СВР Скопје, Г.Ц.(47) од Скопје пријавил дека од семејниот дом на ул.„Ѓорѓи Капчев“ се оддалечил неговиот татко Ј.Ц.(79) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 18.02.2020 во 16.20 часот во Полициската станица Чаир, С.К.(57) од Скопје пријавила дека на ул.„Призренска“ била касната од куче скитник во пределот на ногата и раката.

На 18.02.2020 околу 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во маркет на ул.„Васил Ѓоргов“ во Скопје едно лице со закана со пиштол од вработените одзело пари и побегнало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.М.(45) од село Вејце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во март 2019, К.Ф.(53) од с.Вејце,тетовско, бил повикан во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и му биле побарани документи за продолжување на пензија на неговата мајка, на што тој кажал дека неговата мајка е почината во 2013 и дека не знаел дека требало да пријави во Фондот. Исто така, од Фондот го информирале дека на име на неговата мајка од 2013 до 31.01.2018 од Фондот биле исплатени 247.836 денари, за кои кажал дека тој не ги подигнал. Притоа, од Фондот му бил издаден листинг со кој извршил проверка во Македонска пошта во Тетово, при што било утврдено дека пријавениот ги подигнал паричните средства на име на мајката на оштетениот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Б.Р.(31) во Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 04.10.2019 на пат с.Делогожда – с.Драслајца, струшко, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило во кое бил пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Р.А.В.С.(36) од Руската Федерација, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’. На 10.02.2020 полициски службеници извршиле претрес во соба во хотел во Гостивар, каде престојувал пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Д.Т.(45) од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 12.02.2020, во домот на пријавениот на бул.„Александар Македонски“, полициски службеници извршиле претрес, при што пронашле и одзеле марихуана.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Г.И.(19) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 20.08.2019 во с.Зубовце, гостиварско, полициски службеници од Полициско одделение Галате извршиле преглед на пријавениот, ко бил во паркирано возило „фиат“ со италијански национални ознаки, при што пронашле марихуана.

Во соопштението од МВР стои дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против А.М. (31) од с. Владимирово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Во периодот од август до септември 2019 пријавениот, на А.М. од с.Русиново и на други лица им продавал марихуана заради нивно уживање, по што во домот на А.М., при извршен претрес, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(25) од с.Велестово, охридско и С.П.(21) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 26.04.2018 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавените, при што пронашле и одзеле кујнска вага и мешавина од тутун и марихуана.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Б.(23) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 06.02.2020 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот на ул.„Јанко Михајлоски“ во Кичево, при што пронашле и одзеле марихуана.

На 17.02.2020 во Полициската станица Центар било пријавено дека од Јавна установа за згрижување деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение самоволно се оддалечила нивната штитеничка Л.Д.(16) од Скопје, која и претходно во повеќе наврати се оддалечувала од установата и била враќана назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против С.М.(32) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 01.08.2019 на ул.„Партизанска“ во Струга, полициски службеници извршиле преглед на паркирано патничко возило, кое го управувал пријавениот, при што пронашле и одзеле таблети метилен-диоксиметамфетамин (MDMA) и марихуана. цр/

Back to top button
Close
Close