0_Македонија.ПорталОпштествоХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција вчера во 12:30 часот на улицата „Кузман Шапкарев“ во Скопје сопреле патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски таблички управувано од 16–годишен малолетник од селото Рашче.

Скопје, 16 февруари 2020 (МИА) – Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција вчера во 12:30 часот на улицата „Кузман Шапкарев“ во Скопје сопреле патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски таблички управувано од 16–годишен малолетник од селото Рашче.

При извршениот преглед на возилото биле пронајдени и одземени пиштол „Walter“, калибар 7,65мм и една метална рамка со седум куршуми. Лицето е лишено од слобода и приведено во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Синоќа околу 01:50 часот, полициски службеници од полициската станица во Прилеп пред угостителски објект на улицата „Кузман Јосифоски“ во Прилеп го лишиле од слобода И.Ј.(27) поради тоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, а претходно направил сообраќаен прекршок на истата улица.

Тој бил приведен во полициската станица во Прилеп и по целосно документирање против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во полициската станица во Кисела Вода вчера во 16 часот, Е.М.(55) од Скопје пријавила дека на 12 овој месец на нејзиниот домашен телефон се јавило женско лице и ѝ кажало дека направило сообраќајна незгода, по што веднаш се јавило машко лице кое ѝ кажало дека нејзината ќерка направила сообраќајна незгода и дека треба да плати одреден износ.

Според пријавата, откако таа му одговорила дека нејзината ќерка е дома, лицето ја прекинало врската. Се работи на расчистување на случајот.

Ноќеска во 03:30 часот, полициски службеници од полициската станица во Тетово пред дискотека на ул.„Маршал Тито“ ги лишиле од слобода Б.Б.(19) и М.Н.(20) поради тоа што физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Тие се приведени во полициската станица во Тетово и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во СВР Скопје вчера во 21:37 часот било пријавено дека во спортска обложувалница на ул.„Среќко Пужалка“ едно лице со закана со пиштол од вработените одзело пари и побегнало.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ноќеска околу 01 часот по полноќ во полициската станица во Берово било пријавено дека во казино бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу М.У.(40) и А.Т.(31).

Изготвени се записници за констатиран прекршок по член 11 став 1 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Вчера во 18:01 часот во СВР Скопје било пријавено од страна на Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје дека кај нив било донесено повредено лице со остар предмет.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека станува збор за С.А.(54) од Скопје, кој бил повреден од неговиот син Д.А.(23) во семејниот дом на ул.„Бигла“. Д.А. бил пронајден во домот и лишен од слобода. Се работи на целосно расчистување на случајот, a по негово документирање ќе следи соодветен поднесок.

СВР Велес поднесе кривична пријава против З.С.(44) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“.

На 28.09.2019 и 03.10.2019 на крстосница за с.Горно Врановци, пријавениот со товарно возило „сканија“, во негова сопственот, вршел јавен превоз на огревно дрво без лиценца за превоз од надлежна институција.

Во СВР Скопје вчера во 18:12 часот вработена во Ургентен центар – Неврологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ пријавила нарушување на јавниот ред и мир од страна на неколку лица кои дошле на клиниката, се однесувале агресивно и им се заканувале на вработените.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека станува збор за лицето Љ.Н. од Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

Синоќа во 22:30 часот во Полициската станица Центар, М.И.(18) од Скопје пријавил дека на ул.„Димитрие Чуповски“ две лица со употреба на сила му одзеле пари и побегнале.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. бак/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close