ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

Во гостиварското село Чегране синоќа околу 21.00 часот полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода А.Н.(28), Р.Б.(25) и И.А.(27), сите од Чегране, затоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана.

Скопје, 13 февруари 2020 (МИА) – Во гостиварското село Чегране синоќа околу 21.00 часот полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода А.Н.(28), Р.Б.(25) и И.А.(27), сите од Чегране, затоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана.

Од МВР денеска соопштија дека тие биле задржани во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 13.02.2020 околу 01.10 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода албанските државјани Љ.Ш.(28), Ф.Ј.(20) и Р.Б.(36). При претрес, извршен со судска наредба, во дом и помошни простории на ул.„Илинденска“ во Гостивар, каде престојувал Љ.Ш., била пронајдена марихуана, метална дробилка и дигитална вага. Тие биле задржани во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 12.02.2020 во периодот од 08.00 до 12.00 часот на подрачјето на Гостивар и гостиварско била спроведена акциска контрола за техничка исправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници, најмногу автобуси и такси комбиња. При контролата, откриени се две возила со неисправни сопирачки, едно нерегистрирано возило, едно со недостиг на потребната опрема и пет со неизвршен технички преглед. Четири од контролираните возила се исклучени од слобраќај, додека на 10 возачи за констатираните недостатоци им биле изготвени прекршочни платни налози.

На 12.02.2020 околу 13.00 часот на Граничен премин „Делчево“ од слобода бил лишен Д.Г.(58) од с.Звегор, делчевско, затоа што физички нападнал инспектор од Државниот инспекторат за патен сообраќај и транспорт, при обид да изврши преглед и контрола на патничко возило „опел“, со бугарски национални ознаки, кое тој го управувал. Д.Г. бил приведен во Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор Делчево и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 12.02.2020 во СВР Скопје, И.Б.(36) од Скопје пријавил дека околу 16.00 часот на бул.„Крсте Мисирков“, поради нерасчистени должничко-доверителски односи, бил физички нападнат од М.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 12.02.2020 во 20.30 часот во Полициската станица Чаир, Б.Е.(44) од Скопје пријавила дека била пронајдена нејзината ќерка Ф.Е.(12) од Скопје, за која на 06.02.2020 беше пријавено дека се оддалечила од својот дом. Според пријавеното, Ф.Е. била кај С.С., со кого била во врска.

На 13.02.2020 околу 01.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Визбегово настанал пожар во патничко возило „форд ескорд“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на И.А.(46). Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а увид на местото извршила екипа од Полициската станица Чаир. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 12.02.2020 во 17.04 часот во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека во стан на ул.„Џон Кенеди“ во Скопје бил пронајден починат Е.З.(38) од Скопје. Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

На 13.02.2020 во СВР Скопје, С.С.(41) од с.Волково, скопско, пријавила дека на 12.02.2020 околу 22.30 часот пред угостителски објект во Стара скопска чаршија нејзината 17-годишна ќерка, поради меѓусебно недоразбирање, била физички нападната од Х.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 12.02.2020 во 18.10 часот во Полициската станица Центар, В.Т.(73) од Скопје пријавил дека на кеј на реката Вардар бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.

На 12.02.2020 во 13.30 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Н.Ф.(71) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот син А.Ф.(42) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.Ј.(33) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 27.11.2019 на ул.„Маршал Тито“ во Тетово, пријавениот со пиштол упатувал закани кон А.Ј.(34) од Тетово, со која бил во бракоразводна постапка.

На 12.02.2020 во 14.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Г.Л.(47) од Скопје пријавил дека на ул.„Борис Сарафов“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната дланка.

Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава против П.Т.(40) од с.Бучин, крушевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 11.01.2020 во село Кривогаштани, се појаснува во соопштението од МВР, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој вршел работни задачи.

На 12.02.2020 во периодот од 08.00 до 12.00 часот СВР Штип спроведе засилена акциска контрола на возила со кои се врши јавен превоз на патници. Притоа, 51 возило со кои се врши јавен превоз на патници се упатени во Станица за технички преглед. Преземени се вкупно осум мерки по горенаведените прекршоци од акциската контрола, од кои: 1 – Штип, 2 – Виница, 3 – Делчево, 1 – Берово и 1 – Свети Николе. Санкционирани се и 13 останати прекршоци.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Н.Б.(33) од с.Добридол, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода’’. На 15.09.2019 на автобуска станица во Тетово, пријавениот физички го нападнал Х.А.(40) од с.Градец, гостиварско, и со употреба на физичка сила го однел во неговата работилница во с.Добридол, каде му упатувал закани заради нерасчистени должничко-доверителски односи, а му ги одзел личните документи како гаранција, по што го пуштил да си оди.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Н.(38) од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“. На 08.02.2020 околу 21.00 часот на магистрален пат Куманово – Крива Паланка, полициски службеници запреле товарно возило „даф“, со регистарски ознаки од патничко возило „опел“, сопственост на лице од Кочани, а управувано од пријавениот. При преглед, во возилото биле пронајдени 26 мигранти од Бангладеш.

На 12.02.2020 во 20.30 часот во Полициската станица Кичево, М.К.(55) од Кичево пријавил дека на ул.„Маршал Тито“ во Кичево бил каснат од куче скитник на левата надлактица.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(40) од с.Пирок, тетовско, адвокат со адвокатска канцеларија во Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“. Ќ.Б., на 11.06.2019 од општина Боговиње добил одобрение за градба за изградба на комерцијален објект на сопствено земјиште во с.Боговиње. Неколку негови соседи го ангажирале пријавениот со цел да поднесе жалба против него и против општината за да се поништи одобрението, бидејќи објектот бил во густо населено место. По одреден период, од Министерството за транспорт и врски е донесено решение дека жалбата е отфрлена, за што оштетениот докажува дека има соодветна документација за градба на објектот. Против ова решение била поднесена жалба до Управен суд. По ова, оштетениот стапил во контакт со пријавениот и го убедувал да не поднесува жалба до Управен суд. Во текот на октомври 2019 пријавениот му испратил СМС порака на оштетениот со уценувачка содржина, односно му побарал парични средства за да го повлече предметот од судска постапка. цр/

Back to top button
Close
Close