ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 8 февруари 2020 (МИА)

Скопје, 8 февруари 2020 (МИА) – Вчера во 15:30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во тоалетот на  казино во трговски центар во Скопје бил пронајден пиштол. На местото на настанот било излезено од полициски службеници и констатирано било дека се работи за пиштол кој бил сопственост на полициски службеник. Известени се Одделот за внатрешна контрола и Јавен обвинител.

Во Полициската станица Центар вчера Е.Б.Ж.(54) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 13:40 часот на булевар “Партизански одреди“ две лица на мотоцикл извршиле тешка кражба на дрзок начин и насилно и одзеле една чанта во која имало пари, документи и друго. Се работи на расчистување на случајот.

Вчера во 11:30 часот во СВР Тетово од Ургентниот центар Гостивар, било пријавено дека кај нив бил донесен починат Н. О. (69) од Р. Косово. Од полициски службеници било излезено на местото на настанот и по извршен разговор со роднини на починатиот утврдено било дека во Маврово, во ходник од хотел, во еден момент на Н.О. му се слошило и паднал. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и Полициската станица Гостивар. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Денеска во 06:15 часот во Полициската станица Гази Баба, во службена просторија полицискиот службеник Д.Ѓ.(26), кој бил на работа при чистење на службениот пиштол испукал еден куршум и се повредил во пределот на левата дланка. За време на настанот во просторијата бил и уште еден полициски службеник кој не бил повреден. Д.Ѓ. бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Вчера во 04:50 часот постапувајќи по наредба за вршење на служба, мотопатрола од Полициската станица за граничен надзор „Сопот“ на место викано „обиколница Костурник“, забележала патничко моторно возило „Порше Каен“ со скопски регистарски ознаки, кое се движело со голема брзина по автопатот Куманово-Граничен премин „Табановце“. Мотопатролата се упатила по возилото и го пристигнале, по што возачот ги симнал мигрантите кои ги превезувал и избегал. На местото на настанот затекнати биле 10 лица-мигранти од кои седум лица од Пакистан, две лица од Турција и едно лице од Сирија по што биле пренесени во Транзитниот центар Табановце. Се работи на пронаоѓање на возачот и целосно расчистување на случајот.

Во Полициската станица Центар вчера И.Ч.(41) од  Гостивар, пријавил дека на Камениот мост, од непознато лице извршена му била тешка кражба на дрзок начин и одземени пари. Имено тешката кражба на дрзок начин била извршена на тој начин што откако пријавителот го извадил паричникот со цел да му даде пари на лице кое било на Камениот мост и имало некаков проблем, кон него се доближиле неколку непознати лица и едно од нив насилно му ги одзело парите, по што го напуштиле местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.

Вчера во 01:30 часот во СВР Скопје А.Б.(24) од Скопје, пријавил дека завчера околу 23:45 часот на улица “Аминта Трети“ во кафе бар по претходна вербална расправија бил физички нападнат од Д.Ј. Се работи на расчистување на случајот.

Во Полициската станица Центар вчера во 12:00 часот Љ.Ј.(34) од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 11:40 часот на улица “Св Кирил и Методиј“ бил физички нападнат од едно непознато лице. Причина за физичкиот напад било недоразбирање во сообраќајот. Се работи на расчистување на случајот.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, Одделението за внатрешни работи Кичево, поднесе кривична пријава против Б.А.(27) од тетовското село Дреноец. При преглед извршен на 02.09.2019 година во патнички автомобил што тој го управувал во Кичево, во сопственост на неговиот татко, полициските службеници пронајдоа и одзедоа  огнено оружје пиштол „Таурус“  калибар 9 милиметри и рамка со десет куршуми за кои, пријавениот немал соодветна документација..

Вчера во 17:00 часот било пријавено дека во Прилеп по претходна расправија 16 годишен малолетник бил физички нападнат од М.И. Се работи на расчистување на случајот.

Вчера во 17:35 часот било пријавено дека истиот ден околу 15:00 часот  во Струмица на ул.“Климент Охридски“ Т.В.(45) од с.Градско Балдовци бил физички нападнат две непознати лица. Се работи на расчистување на случајот.

Денеска во 01:30 часот при вршење акциска контрола во угостителски објект во с.Неготино-гостиварско биле затекнати и приведени три странски државјанки, една од Р.Србија и две од Р.Косово, поради сомнение за  нерегулиран престој во РСМакедонија. Потоа лишени од слобода биле А.М.(40) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него бил пронајде пиштол ТТмодел М57 кал.7,62мм и еден оквир со девет куршуми кал.7,62мм и Б.К.(27) од Гостивар затоа што при извршен преглед кај него бил пронајден метален боксирач и други предмети. Лицата биле приведени во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка. аа/

 

Back to top button
Close
Close