ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

На 06.02.2020 на регионалниот пат Дебар -Струга, во близина на браната „Шпиље“, при преглед на патничко возило „шкода“, со дебарски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(39) од Дебар, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Дебар, кај сопатникот Р.Ј.(33) од Дебар, пронашле и одзеле хероин, кој тој се обидел да го проголта.

Скопје, 7 февруари 2020 (МИА) – На 06.02.2020 на регионалниот пат Дебар -Струга, во близина на браната „Шпиље“, при преглед на патничко возило „шкода“, со дебарски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(39) од Дебар, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Дебар, кај сопатникот Р.Ј.(33) од Дебар, пронашле и одзеле хероин, кој тој се обидел да го проголта.

При претрес во неговиот дом, извршен подоцна врз основа на судска наредба, како што соопшти денеска МВР, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана. Р.Ј. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 06.02.2020 врз основа на судска наредба, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кичево, извршиле претрес во домот на Ф.Б.(23) во Кичево, при што пронашле и одзеле марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесе соодветна пријава.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против З.Р.(40) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“. На 29.12.2019 во домот во Тетово, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга и ѝ упатувал закани.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.А.(31), А.А.(30) и Ф.Р.(22), сите од с.Боговиње, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница”. На 06.12.2019 во угостителски објект во Тетово, првопријавениот Х.А. со тврд предмет го нападнал Б.М.(33). Подоцна, Б.М. со негов другар отишле во угостителски објект во с.Жеровјане, тетовско, за да разговара со напаѓачите. Притоа, од објектот излегле пријавените со огнено оружје. По преземени мерки од полициски службеници пријавените биле приведени во СВР Тетово.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.С.(57) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. На 05.02.2020, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории на пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин.

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Е.(29) од Штип, поради постоење основи нa сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Во текот на 2019 година, заради продажба, пријавениот набавил опојна дрога марихуана, која во својот дом ја препакувал во помали количини и ја продавал на уживатели од Штип. На 03.02.2020, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом, каде пронашле и одзеле марихуана, хашиш, пластичен шприц и дигитална вага со остатоци од марихуана.

На 07.02.2020 во 09.20 часот во СВР Велес било пријавено дека во експозитура на банка на ул.„8 Септември“ во Велес едно лице со закана со пиштол од вработените одзело пари и побегнало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.02.2020 во 12.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со тешки телесни повреди била донесена И.Ф.(54) од Скопје. Според пријавеното, таа се здобила со повредите околу 12.30 часот, додека извршувала работни задачи во фирма во с.Кадино, скопско. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, a за настанот бил известен трудов инспектор.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Т.С.(23) од Пробиштип, поради сомнение дека на 30.01.2020 извршил обљуба врз малолетничка во прoбиштипско село.

На 06.02.2020 во Одделението за внатрешни работи Прилеп, М.А.(44) од Прилеп, вработен како полициски службеник во ОВР Прилеп, пријавил дека биле злоупотребени негови лични податоци, односно била објавена фотографија без негова согласност. Според пријавеното, пред околу две недели, кога тој и неколку пријатели биле во домот на нивен пријател, А.Ѓ., кој бил со нив, без нивна согласност и знаење направил фотографија од него и еден негов пријател. Исто така, според пријавеното, на 03.02.2020 фотографијата била објавена на интернет портал и во прилог на фотографијата бил напишан текст со невистинита и навредлива содржина за пријавителот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.02.2020 во Одделението за внатрешни работи Прилеп, З.В.(56) од Прилеп, вработен како полициски службеник во ОВР Прилеп, пријавил дека на социјалните мрежи биле злоупотребени негови лични податоци. Според пријавеното, на 04.02.2020 околу 21.00 часот на социјална мрежа, на профил означен како Б.И., без негова согласност биле постирани негови фотографии. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.02.2020 во 01.30 часот во СВР Скопје, А.Б.(24) од Скопје пријавил дека на 06.02.2020 околу 23.45 часот во угостителски објект на ул.„Аминта Трети“, по претходна расправија, бил физички напaднaт од Д.Ј., со кого се познавал од претходно. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.02.2020 во 14.00 час во СВР Скопје, Л.Ј.(49) од Скопје пријавила дека околу 14.00 часот во здравствена установа во трговски центар на ул.„Цветан Димов“ во Скопје била физички нападната од Б.З.(63) од Скопје, сопственичка на установата. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. цр/

Back to top button
Close
Close