ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против Б.Д.(69) од струшкото село Ташморуништа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Тој на катастарска парцела во атар на селото Оровник, во близина на магистралниот пат Струга - Охрид, изградил станбен објект, без одобрение за градба. Од страна на овластен градежен инспектор при општина Охрид извршен е надзор и донесено е решение за отстранување на градбата.

Скопје, 29 јануари 2020 (МИА)СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против Б.Д.(69) од струшкото село Ташморуништа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Тој на катастарска парцела во атар на селото Оровник, во близина на магистралниот пат Струга – Охрид, изградил станбен објект, без одобрение за градба. Од страна на овластен градежен инспектор при општина Охрид извршен е надзор и донесено е решение за отстранување на градбата.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против А.Н.(38) од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Во периодот од 02.09.2013 до 19.07.2016 пријавената, во својство на директор на основно училиште во Берово, потпишувала листи за плата на вработените и дозволила лице вработено како благајник да зема повисока плата со повисок коефициент на степен на сложеност, спротивно на чл.35 од Колективниот договор за Основно образование и не презела активности согласно нејзините надлежности од Законот за основно образование.

СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против М.Х.(29) и М.Х.(25), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Пријавените, на катарстарска парцела на државно земјиште лоцирана во населбата Трпејца, во зоната на строга заштита што е дел од Националниот парк „Галичица“, изградиле станбен објект. Тоа го направиле без одобрение за градба, со што извршиле узурпација на земјиште во државна сопственост.

На 27.01.2020 во 19.45 часот на подрачјето на населбата Пештани, полициски службеници запреле патничко возило „рено“, со охридски регистарски ознаки. Притоа, од возилото излегле две лица и започнале да бегаат, по што фрлиле една вреќа со риболовни мрежи и риба – охридска пастрмка. По преземени мерки, констатирано е дека возилото било управувано од И.Л.(56) од Пештани. Риболовните мрежи и уловената пастрмка биле предадени во Хидробиолошкиот завод. СВР Охрид работи на целосно расчистување на настанот, по што ќе поднесе соодветна пријава.

На 28.01.2020, во периодот од 13.00 до 19.00 часот, Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип спроведе акциска контрола на прекршоци кои ги прават возачите во однос на првенство на минување. Од извршената контрола преземени се шест мерки по горенаведениот прекршок, односно издадени се шест прекршочни платни налози. Санкционирани се и 10 останати прекршоци.

На 28.01.2020 во 08.37 часот во СВР Штип, од Клиничката болница Штип било пријавено дека кај нив за укажување на лекарска помош бил донесен Д.Л.(22) од Штип, кој се здобил со повреда при работа во фабрика во Штип. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Штип, а за настанот биле запознаени Јавен обвинител и надлежен трудов инспектор.

На 28.01.2020 во 18.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Борис Сарафов“, во ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“, настанал пожар во подрумска просторија. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

На 28.01.2020 во 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Отокар Кершовани“ настанал пожар во патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки. Според пријавеното, А.А.(21) од с.Мирковци, скопско, откако го паркирала возилото забележала чад кај хаубата. Од пожарот биле зафатени уште две патнички возила – „мерцедес“, сопственост на А.Р.(44) и „цитроен берлинго“, сопственост на Л.С.(66), двајцата од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

На 28.01.2020 во СВР Тетово, Ј.А.(41) од Тетово пријавил дека околу 16.20 часот на ул.„Цветан Димов“ во Тетово неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник во пределот на нозете.

На 28.01.2020 во 12.00 часот бил пронајден К.П.(56) од Скопје, за кого на 22.01.2020 во Полициската станица Кисела Вода неговиот татко Р.П.(80) пријавил дека се оддалечил од домот.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.И.(19) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „злоупотреба на лични податоци“. Во текот на 2019, пријавениот како возач, во два наврата, управувајќи патничко возило „голф“, сопственост на неговата мајка и патничко возило „опел“ сопственост на С.Ц. од Куманово, при сообраќајна контрола на полициски службеници, поради непоседување на возачка дозвола и поради сторени сообраќајни прекршоци, употребил и искористил лични податоци од оштетениот Д.И. од Куманово, без негова согласност. мс/

Back to top button
Close
Close