ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

На 28.01.2020 во 01.55 часот на ул.,,Маршал Тито“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода Д.Л.(19) од струшкото село Драслајца, затоа што при преглед на патничко возило кое го управувал била пронајдена и одземена марихуана.

Скопје, 28 јануари 2020 (МИА) – На 28.01.2020 во 01.55 часот на ул.,,Маршал Тито“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода Д.Л.(19) од струшкото село Драслајца, затоа што при преглед на патничко возило кое го управувал била пронајдена и одземена марихуана.

МВР денеска соопштио дека тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 28.01.2020 околу 02,40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на
ул.„Хашка“ настанал пожар во патничко моторно возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.Ѓ.(37) од Скопје. Од пожарот делумно било зафатено и патничко моторно возило„сеат атека“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на S.И. од Тетово. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Скопје.

На 27.01.2020 на ул.„Партизански одреди“ во Кичево, полициски
службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода
С.Р.(21) од Кичево, затоа што при преглед кај него била пронајдена и
одземена марихуана. Истиот ден, при претрес извршен врз основа на
судска наредба во домот на З.С.(28) од Кичево, полициски службеници
пронашле и одзеле марихуана. Двајцата се приведени и по целосно
документирање на случаите против нив ќе биде поднесена соодветна
пријава.

СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против П.П.(49) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

Тој, во периодот од 17 до 26.01.2020, влегол во аптеки на булеварите „Туристичка“ и „Сирма Војвода“, како и во продавница на ул.„Ристо Чадо“ во Охрид и со закани од вработените одземал пари. На П.П. му била одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Во соопштението од МВР стои дека на 27.01.2020 во 19.50 часот во Полициската станица Куманово, А.А.(40) од Куманово пријавил дека неговиот малолетен син се оддалечил од домот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 27.01.2020 во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во
с.Црешево, скопско, настанал пожар на тераса од куќата сопственост на П.Б.(80), при што бил опожарен дел од фасадата. Од пожарот П.Б. се здобил со изгореници и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка
Тереза“ за укажување лекарска помош. Пожарот бил изгаснат од соседите и екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

На 27.01.2020 во 13.25 часот во СВР Скопје, Д.С.(61) од Скопје пријавил дека во 12.40 часот во Основен кривичен суд на бул.„Гоце Делчев“ бил физички нападнат од В.Г.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.01.2020 во 18.00 часот во СВР Скопје, М.С.(56) од Скопје пријавил дека во 16.00 часот на крстосница помеѓу ул.„Македонија“ и ул.„Луј Пастер“ неговиот малолетен син бил физички нападнат од четворица малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.01.2020 во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу
14.45 часот, во двор на јавна установа на ул.„Перо Наков“, Џ.Р.(18) од
Скопје, поради меѓусебно нетрпение, била физички нападната од А.Ш.(19) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.01.2020 во 14.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во
Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било донесено малолетно женско
лице со повреда во главата од огнено оружје. Полициски службеници
излегле на местото и било утврдено дека станува збор за 15-годишно
девојче, кое во семејната куќа во Скопје било пронајдено од нејзиниот
брат П.С.(18) со прострелна рана, а во нејзина близина имало пиштол
„Црвена застава“, сопственост на нејзиниот татко М.С.(58), кој го
поседувал со дозвола. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

На 27.01.2020 околу 23.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на
ул.„Црногорска“ во Скопје настанал пожар во куќа сопственост на Н.Н.(59). Во пожарот куќата целосно изгорела, а повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

На 27.01.2020 во 18.20 часот во Полициската станица Карпош, А.Ќ.(47) од Скопје пријавил дека на ул.„Шекспирова“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната надколеница.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против З.И.(24), Џ.И.(37), Е.И.(49) и С.И.(49) сите од с.Дебреше, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 14.12.2019 во угостителски објект во с.Дебреше, гостиварско, пријавените по претходна расправија физички го нападнале оштетениот Е.Б.(24) од с.Дебреше.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.А.(51) од с.Колари, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста”.

Во периодот од ноември 2019 до 16.12.2019 пријавениот по
телефон му упатувал закани по животот на Л.С.(39) од с.Здуње,
гостиварско, адвокат на неговата сопруга А.Ф., со цел да ја повлече
бракоразводната парница.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Е.А.(19) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за полови дејствија со малолетничка.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ш.Е.(56) од с.Беловиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „кражба“ на дрва.

На 16.12.2019 во с.Беловиште, соопшти денеска МВР, К.И.(43) од с.Здуње, гостиварско, вработен како шумочувар во ЈП „Националени шуми“ ПЕ-Шар-Гостивар, заедно со негов колега, при вршење редовни работни активности го затекнале пријавениот со огревни дрва натоварени на коњи, кој потоа физички го нападнал К.И..

На 27.01.2020 околу 23.40 часот во Полициската станица Прилеп било
пријавено дека на ул.„Дебарца“ во Прилеп настанал пожар во куќата
сопственост на Т.А.. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема. Увид ќе се врши во текот на денот.

На 27.01.2020 во 20.00 часот во Полициската станица Драчево, Л.Ш.(70) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџиниколов“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ш.Г.(45) од с.Франгово,
струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,недозволено изработување, држење и тргување со оружје и
распрскувачки материи“. На 04.09.2019, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот и во домот на неговиот син во с.Франгово, при што пронашле и одзеле пиштол и осум куршуми, кои ги поседувал без дозвола.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против А.Љ.(47) од с.Вранештица, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Во периодот од декември 2019 до 09.01.2020, пријавениот како шумочувар во ШСЕ „Љубен-Србјани“ – ПШС „Лопушник“ –
Кичево, не ги извршувал своите службени дејствија за вршење преглед на катастарски парцели и постапил спротивно на работните задачи, со што на непознати сторители им овозможил да извршат бесправна сеча на 56,25 метри кубни дабови дрва, а на ЈП „Национални шуми“-Скопје му била причинета материјална штета од 393.750 денари.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Џ.О.(52) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Во периодот од октомври 2019 до декември 2019, пријавениот противправно му одзел банкарска дебитната картичка на Т.Б. од Охрид, по што неовластено навлегол во компјутерски систем со намера за искористување на неговите податоци и во повеќе наврати преку различни банкомати на подрачјето на Охрид и Скопје подигнал вкупно 53.600 денари.

На 27.01.2020 во 17.24 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди била донесена М.Б.(48) од Скопје. Според пријавеното, таа на ул.„Владимир Комаров“ била касната од куче скитник во пределот десната рака, по што паднала на земја и се здобила со повреда на главата.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.С.(56) од Тетово,
самостоен советник за правни работи и управување со човечки ресурси во Одделение за заеднички работи при СВР Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“. Во текот на 2017, пријавениот му ветил на Н.З.(54) од Гостивар дека може да ја вработи неговата ќерка и му побарал пари за услугата. Н.З. му дал 5.000 евра, но до пријавување на настанот тоа не се случило. Полициски службеници извршиле разговор со пријавениот, при што тој кажал дека ги земал паричните средства на заем од оштетениот, кои му биле потребни за реновирање на домот и долгот од 5.000 евра му го вратил во текот на август 2018, со писмена изјава заверена на нотар, преку лицето А.А.. По преземени мерки бил пронајден А.А. и тој посочил дека парите ги дал на синот на пријавителот. Според негово кажување, во текот на ноември 2019 се сретнале со оштетениот пред СВР Тетово, каде дошол и пријавениот и понудил дополнителни парични средства во износ од 8.000 евра за да не му наштетат на неговиот
углед, но тие не прифатиле и настанот го пријавиле во СВР Тетово.

На 26.01.2020 во 09.00 часот во Полициската станица Карпош, воспитувачка во Јавна установа за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение пријавила дека малолетните М.С.(15) и М.С.(17), двете од Скопје, самоволно ја напуштиле организационата единица Влае. Тие и претходно неколку пати ја напуштале установата и биле враќани назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата. цр/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close