ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

На 24.01.2020 во 01.43 часот во СВР Скопје било пријавено дека во подземна гаража на ул.„Босна и Херцеговина“ во Скопје настанал пожар во неколку возила.

Скопје, 24 јануари 2020 (МИА) – На 24.01.2020 СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Ј.(65) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

МВР денеска соопшти дека на 23.01.2020 во СВР Скопје, С.Ј.(21) од Скопје пријавил дека околу 10.00 часот, во куќата каде престојувале под кирија, сопственост на Б.Ј., неговата малолетна сестра била физички нападната од Б.Ј..

На 24.01.2020 во 01.43 часот во СВР Скопје било пријавено дека во подземна гаража на ул.„Босна и Херцеговина“ во Скопје настанал пожар во неколку возила. Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека целосно било опожарено патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.К.(32) од Скопје, а делумно биле опожарени патничко возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки и патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Ф.(33) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а
повредени лица нема. Извршен е увид.

На 23.01.2020 во 23.30 часот во СВР Скопје, Г.А.(45) од Скопје пријавил дека околу 20.30 часот на паркинг во трговски центар на бул.„Партизански одреди“ бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.01.2020 во 12.00 часот во СВР Скопје, И.Б.(37) од Скопје пријавил дека во 11.20 часот пред казино на ул.„Филип Втори Македонски“, по претходна расправија, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Н.(26) од с.Боговиње, тетовско, поради постоење основи на сомение за сторено кривично дело „измама’’. На 04.12.2019 во Гостивар, Д.З.(40) од с.Лажани, прилепско, по претходен договор, откупил возило од пријавениот. На 06.12.2019 во угостителски објект во Тетово се сретнале за да направат купопродажен договор, по што пријавениот му ги оставил сообраќајната дозвола и личната карта и со возилото заминал. После тоа, Д.З. повеќе пати се обидел телефонски да стапи во контакт со пријавениот, но тој бил недостапен.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.Д. (31) од Облешево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 02.01.2020 во угостителски објект во Кочани, пријавениот им
упатувал закани на присутните, а со остар предмет се заканил и на сопственикот, но бил спречен од полициски службеници.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.И. (28) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 11.03.2019 на ул. „Благоја Тоска“ во Тетово полициски службеници извршиле претрес во стан во кој престојувал С.Ч.(28) од Тетово, при што пронашле и одземале марихуана, која претходно ја набавил од пријавениот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.И.(61) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“. На ул.„Јордан Златановски“,
полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и  одзеле предмети за кои Министерството за култура на Р.С.Македонија – Управа за заштита на културно наследство Скопје до СВР Тетово доставило известување во кое се наведува дека предметите се со статус на археолошки предмет како вид на движно
културно наследство.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против М.Е.(43) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 04.11.2019 на
ул„Ристо Крле“ во Струга, оштетената С.Ѓ.(65) пријавила дека изгубила паричник со платежна картичка и пари. Пријавениот, истиот ден го пронашол паричникот и од банкомат со картичката противправно подигнал пари.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.Е.(54) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на 2018/2019 во с.Горна Белица, на недвижен имот
во Горна Белица пријавениот, во својство на инвеститор, изградил објект без одобрение за градење.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против А.А.(41) од кичевското село Србјани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“. Тој,
во периодот од декември минатата до јануари оваа година, извршил злоупотреба на осум коњи во негова сопственост, на кои со остар предмет им нанел повреди.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против И.К.(62) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на 2019 во с.Мислешево пријавениот, во својство на
инвеститор, изградил објект без одобрение за градење.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Р.Ш.(43) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижност“. Во текот на 2019 на ул„Маршал
Тито“, на катастарска парцела во Градски Безистен – Струга пријавениот, во својство на инвеститор, без одобрение изградил деловен објект и узурпирал земјиште во државна сопственост. цр/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close